17.2 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаОтец Петровски: Господине Филипче Господ да ве благослови, да не бевте вие...

Отец Петровски: Господине Филипче Господ да ве благослови, да не бевте вие немаше никој да не прими во болница бидеjќи ”немало место”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот Венко Филипче уште еднаш го покрива срамот на вработените во болниците. 28-годишната Драгица која е мајка на две малолетни деца веќе подолг период се соочувала со болничка голгота, при што или не сакале да ја прегледаат или немало термини за нејзе или пак бил исполнет капацитетот во болниците. Драгица со силни болки била приморана да се лечи сама во домашни услови иако една преврска ја чинело близу 1600 денари. Благодарение на Отец Петровски и министерот Венко Филипче оваа голгота за скоро ќе заврши бидеќи Драгана и Отец Оливер се на пат за Скопје каде што Дргана ќе биде примена да се лекува во болнички услови.

<

Па еве јавно ќе го запрашеми и ние министерот зошто и до кога ќе функционира здравството со пријатели? Ако не познаваш некој термини за тебе нема, или системот во тој момент не работи !!!

Во целост ви го прикажуваме статусот на Отец Петровски:

Браќа и сестри!!! Само што се слушнавме со министерот Венко Филипче кој реагираше навистина многу брзо. Драгана ќе биде сместена на Клинички центар се до нејзиното целосно опоравување. Поаѓаме за Куманово да ја однесеме оваа Мајка во лечилиштето!!!
Министре ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, мој поклон за вас!!! Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие со здравје, радост и успех!!!
Благодарност до СИСТИНА кои исто така ја понуди својата помош!!!
Благодарност и поклон до земја и до секој од вас за безрезервната поддршка!!! Бог да ве благослови и награди сите!!!
Драгана е 28 годишна мајка на две дечиња кои имаат 5 и 2 години… Боледува од Кронова болест, но и страшна рана (не сум лекар, но мислам дека е гангрена) на левата нога. Живее со огромни болки и се лекува во домашни услови затоа што (замислете!!!) нема доволно капацитети да биде примена на болничко лекување. Таа е целосно изнемоштен од болките и не е во состојба да станува од кревет… Нашата хуманитарна организација вчера ја посети Драгана и благодарение на наш поддржувач од Германија купи преврски за три дена, но…
Лекувањето во домашни услови е невозможно финансиски (за три преврски дневно се потребни над 1600 денари), но и од практични причини (преголем болка, дури и при најнежен допир). Оваа мајка не може да си ги прегрне децата од болки… А нашата држава не е во состојба да помогне!!!
Простете, но вие сте ДОЛЖНИ веднаш да реагирате и да и помогнете на оваа наша сестра!!!
Венко Филипче, дали ќе дозволите да продолжи агонијата на оваа жена? Дали ќе преземете нешто за таа да може да го продолжи својот живот и да ги израсне своите деца? Или ќе ја игнорирате и ќе ја оставите со нејзините болки?
Покажете и докажете дека навистина ја почитувате Хипократовата заклетва и реагирајте веднаш!!!
Ве молам, споделувајте и означувајте ги сите кои можат да помогнат!!!
Видеото е со вознемирувачка содржина!!!

Posted by Oliver Petrovski on Вторник, 25 август 2020

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...