12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаГрчките медиуми за новата влада- Заев доби доверба а министер е Османи...

Грчките медиуми за новата влада- Заев доби доверба а министер е Османи од албанското малцинство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека  про-западната влада на Зоран Заев победи по предвремените избори што се одржаа на 15 јули , што го презедоа речиси сите онлајн изданија на медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

<

АНА-МПА во текстот објаснува дека довербата беше изгласана од 62 пратеници, а новиот владин состав има 19 членови, седум помалку од претходната Влада.

„Северна Македонија: Владата на Заев доби доверба“; „Доверба од Собранието за Владата на Зоран Заев“; „Скопје: Заев обезбеди доверба и формира Влада“; „Доверба за новата Влада на Зоран Заев“; „Северна Македонија: Владата на Заев обезбеди доверба од Собранието“; „Северна Македонија: Владата на Заев доби доверба – Албанец новиот министер за надворешни работи“, се дел од насловите во електронските изданија на медиумите во Грција во текстот од АНА-МПА.

Грчката новинска агенција акцентот го става на Министерството за надворешни работи, пишува дека новиот шеф на дипломатијата е досегашниот вицепремиер надлежен за европски прашања Бујар Османи и објаснува дека на негово место доаѓа довчерашниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

-Зоран Заев во претставувањето на програмата на Владата спомена дека приоритетите ќе бидат борба со корупцијата и имплементација на реформите, кои се неопходни за европскиот пат на земјата, како и справување со здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пишува АНА-МПА и додава дека македонскиот премиер споменал дека „новата Влада ќе ги почитува и целосно ќе ги спроведе трите клучни договори за земјата: Договорот од Преспа, Договорот на Северна Македонија со Бугарија за добрососедство и соработка, како и Охридскиот мировен договор“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...