12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Ако сакате да имате плата како во Швајцарија ќе работите и...

Заев: Ако сакате да имате плата како во Швајцарија ќе работите и во викенд. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дали ќе се спогодат Владата и Синдикалците околу утврдување на правата на работниците. Тие денеска на заедничка средба ги разгледуваа различните ставови. А дека навистина има разлики потврди и премиерот Заев. Првиот синдикалец Дарко Димовски од Владата побара неработни викенди за работничката класа, на ова премиерот Заев вели, мора да работиме ако сакаме да бидеме Швајцарија.

<

„Сакаме швајцарски плати мора да работиме како во Швајцарија, значи сакаме повисоки плати,мора да имаме поголема продуктивност на трудот. Гледате дека имаме различни ставови со Синдикатот, тие бараат неработни сабота и недела, ние викаме недела , затоа што продуктивноста мора да работи со сите продуктивни механизми.“, рече Заев.

 

Димовски повтори дека не треба да има селекција при носење на новиот закон за пензионирање.

„Не е фер текстилната работничка и административниот работник да одат под исти услови во пензија 03.24 Бараме да се воведе старосна пензија по возраст која би се остварувала по услов од возраст од 57 години за жени и 59 години за мажи со минимум стаж од 15 години“, изјави Димовски.

 

„Ударните дејности во нашата економија се причините да разговараме за намалување на старосната граница за пензии. 11.48 Опцијата на пет години порано од 64 за мажи или 62 за жени е доколку тој си уплати“, рече Заев.

Заев вети минимална плата од 20.000 денари, предвремено пензионирање до 5 години, недела да биде неработен ден и нов закон за работни односи кој ќе биде по европски терк. Првиот синдикалец оптимист дека барањата на работниците ќе бидат прифатени од власта оти како што и самиот вели работничките барања се реални. Добро се справуваме со економските состојби одговори Заев по информацијата за падот на БДП од 12,7 проценти. А за новиот пакет мерки за поддршка рече дека ќе нема потреба од задолжување. Сепак не ја исклучи можноста од ново задолжување и тоа како што рече нема да биде пречка ако треба да и се помогне на економијата
тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...