24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЃорѓе Иванов: Си била и ќе бидеш Македонија, да ни си вечна...

Ѓорѓе Иванов: Си била и ќе бидеш Македонија, да ни си вечна и вековита татковино…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот претседател на земјава, Ѓорѓе Иванов, преку социјалните мрежи упати честитка по повод Денот на независноста – 8ми Септември на Северна Македонија.

<

„Почитувани сограѓани,

Нека ни е честит Денот на независноста на Република Македонија!

Секое големо достигнување, пред да се оствари, е само сон. Независна, суверена и слободна Македонија беше сонот на генерации и генерации наши претходници. Успеавме во 1991 година, кога сонот стана јаве.
Ова е ден за љубов кон нашата татковина Македонија.

Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска. Обврска да се чува наследството за кое нашите предци се избориле со пркос и непокор. Да се чува континуитетот на нашата определба, бидејќи како Македонци ние не можеме да бидеме нешто поразлично од нашите предци. Да не им го одземаме на нашите деца, внуци и правнуци она што ни го оставиле нашите татковци, дедовци, прадедовци.

Треба да знаеме кои сме за да знаеме што сакаме да бидеме.
Треба да знаеме каде сме за да знаеме каде сакаме да бидеме.
Треба да знаеме што имаме за да знаеме што сакаме да стекнеме.

Среќен роденден татковино!
Си била и ќе бидеш Македонија!
Да ни е вечна и вековита Македонија!
Да живее Република Македонија!“, напиша Иванов во честитката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....