24.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаПо три дена од отворање на градинките пет деца и пет негувателки...

По три дена од отворање на градинките пет деца и пет негувателки заразени од КОВИД

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пет деца и пет  негувателки од битолската градинка „Коца Василевска“ се во самоизолација поради потврдено присуство на коронавирус кај една вработена. Одлуката ја донела Комисијата за заразни болести по контактите со родителите..

<

-Согласно нивните проценки, нема опасност за останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца – соопшти министерството за труд и социјална политика..

Потврден е и случај во скопската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ се работи за вработена која во средата не била на работно место и немала контакт со прием на деца. Согласно, препораката на епидемиолозите, доколку утре не се пријават вработени со симптоми објектот може да продолжи да работи нормално од понеделник.

Во меѓувреме стигна информација дека позитивна е и една вработена во светиниколска градинка, но поради тоа што имала симптоми градинката во средата воопшто не била отворена.

Според протоколите на комисијата на заразни болести, внатрешноста на градинките мора да се дезинфекцира на секои два часа… засега нема информација за заразаено дете во првите три дена по отоврањето на градинките, но доколку се појави, тоа веднаш ќе биде изолирано.

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид доби уште едно современо и целосно реконструирано спортско игралиште кое ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески.

Охрид доби уште едно современо и целосно реконструирано спортско игралиште кое ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески. Спортската инфраструктура е основа...

Петар Богојески ќе предава на Воена академија

Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, денеска на социјалните мрежи објави дека...

Археолози открија автохтон натпис на сад при истражувања на локалитетот Градиште-Охрид.

При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“, во селото Младо Нагоричане, археолозите од НУ Музеј – Куманово открија две значајни наоди – најстар автохтон...

65 годишна жена од Австралија прегазена во Охрид.

На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски...