15.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЖан Митрев: Филан Митрев беше мој син, но сега работите се сменаа...

Жан Митрев: Филан Митрев беше мој син, но сега работите се сменаа и треба да одговара пред законот бидеќи го избра најлошиот пат !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сакав да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот и дека тој пат е добар – вака пред судот во Франкфурт 25-годишниот германски државјанин со македонско потекло Филан Митрев, објаснил зошто тргнал по погрешен пат. Судењето кое е во тек ја привлече македонскта јавност откако германските власти објавија дека татко на момчето кое подготвувало самоубиствен напад е сопственик на кардиохирургија во Македонија. Германските медиуми кои пренесуваат детали од судењето пишуваат дека Филан навел оти бил наивен, имал среќно детство и никогаш не бил удрен од родителите.

Неговиот татко, кардиохирургот Жан Митрев, за Сител вели дека Филан живеел во Германија и до пред неколку години одржувал контакт со него. Смета дека избрал погрешен пат и за тоа треба да сноси одговорност.

<

„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, вели Митрев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...