17.3 C
Ohrid
четврток, јуни 5, 2025
ПочетнаМакедонијаДИМИТРОВ: Факт е дека Гоце Делчев е значаен херој и за македонскиот...

ДИМИТРОВ: Факт е дека Гоце Делчев е значаен херој и за македонскиот и за бугарскиот народ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мислам дека е многу елементарно да се разбере дека не може со некого, а договорот почнува со параграф кој вели -во името на меѓусебното почитување разбирање блискост и добрососедство, да се има сетоа тоа ако не се прифаќаме кои сме денес, рече Димитров во гостувањето на ТВ Сител.

<

Договорот за пријателство, додава тој, ги обврзува двете страни и македонската и бугарската. Смета дека историските прашања треба да бидат предмет на разгледување на историчарите, а не политиката и оти заради тоа била и формирана Комисијата за историски прашања. Вицепремиерот Димитров потенцира дека таа не прекинала со работа, која некогаш била поинтензивна, некогаш побавна. Забавувањето рече, има и објективна причина, како што вели, а тоа е пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

-Прашањето е дали предизвикување на идентитските прашања за кои реално не може да се разговара, за македонскиот јазик, на пример, дали изјави што се проблематични за соседот или навредливи помагаат во овој процес дали не прават помали или поголеми. Јазикот не е предмет на политичка декларација. Мене како Македонец не може ниту една, вклучително и мојата држава, да ми каже дали сум или не сум Македонец кој зборува македонски јазик. Правото е на само изјаснување и самопределување, тоа е и европска врредност, но и право утврдено со меѓународното право, рече вицепремиерот.

Според него, по комплетирањето на личната карта на земјава во ОН ниту една држава нема правен основ овие прашања да ги отвора.

-Јас искрено мислам дека тоа не соодвествува ниту со интересите да се зближите со некој да бидете пријател, да бидете близок со некој. Милам дека не сосодветствува со идеалите, вредностите и правата на Европската унија каде Бугарија е, а кон која ние се стремиме, рече Димитров.

Тој вели дека и на двете земји им е потребна мудрост со широко отворени очи да погледнат и кон минатото и да видат кои точки кои ги спојуваат. Според него, што повеќе влегува политика влегува во овој процес, толку потешко ќе се најде заеднички јазик.

Во врска со ликот на Гоце Делчев, вицепремиерот Димитров вели дека е факт оти тој е значаен за двата народи.

-Факт е дека некои од хероите на минатото, како што е Гоце Делчев, се значајни за македонскиот и за бугарскиот народ. На историчарите е да видат, да го разгледуваат тоа прашање и да најдат начин, ако ништо друго барем да се научи перспективата на другиот, рече Димитров.

Прашан за коментар за најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за протест „За ЕУ, за Македонија, за Делчев“ Димитров потенцира дека тоа е само обид да се најде прашање кое што има некаков потенцијал да мобилизира луѓе и да се искористи во дневнополитички интереси. сст/мч/

denesen.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

На познатата грчка плажа Олимпик бич се случи херојска спасувачка акција кога млад Србин навремено реагираше и го спаси животот на постар Македонец што...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам,...

Полицаец повреден откако возач му ја прегази ногата за време на контрола

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со...