пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ за Цивил Медиа
Цел ден, целиот агит-проп оркестар на социјалните мрежи, лева и десна рука на мвро здружено, се фрлиле во одбрана на говорот на омраза и хулиганизмот на малата група млади „Комити“ завчера на плоштад.
Секаде исти подготвени аргументи, снимки, видеа, фотки, мемиња и иста линија на „оправдание“: истоветниот хулиганизам и гнасотии на „Балисти“, Шверцери итн. И „они“ го правеле „тоа“.
Истото е и обратно, секогаш кога има вакви инциденти од „другата страна“.
Знаете што, драги мои? Младиќот и куглата велат дека со тоа, всушност, и лудаците и насилниците, и нивните апологети од „двете страни“ – признаваат дека се исти!
А штом е така, и за нив важи – нека направат самит на лудаци. Нека се договорат кој е полуд. Потоа нека не известат. Самите, или преку куририте. Нека направат една вест. Оти, тоа дека се исти и дека националистичката чорба подгреана стопати е гола-вода пропаганда, веќе соголена до коска, го знаеме.
Бајати се, и чорбата, и агит-проп оркестарот, и фалшливите националистички песни, на кои можат да се палат само лудаци.
Извор:Цивил Медиа