12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаСветДвапати мери еднаш сечи: Ученици добија џиновски маски бидеќи кројачот ја утнал...

Двапати мери еднаш сечи: Ученици добија џиновски маски бидеќи кројачот ја утнал димензијата !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Џиновски маски, што им го покриваат целото лице, добија дел од учениците во Грција, во рамките на програмата на Владата за бесплатни маски во сите училишта во висина од шест милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

<

Во текот на вчерашниот ден, на социјалните мрежи во Грција, родителите објавија фотографии од нивните деца со маските.

Доцна синоќа од Генералниот секретаријат за јавно здравје од Министерството за здравство на Грција, објаснија дека димензиите за изработката на маските биле одредени од надлежните комисии според меѓународните стандарди, меѓутоа, се однесувале на големина на ткаенината пред да се сошие, а не на крајната големина.

– Формулацијата на оваа разлика меѓу почетната и крајната димензија не беше јасна, со резултат дел од дистрибуираните маски да бидат поголеми од предвиденото – соопштуваат од Секретаријатот за јавно здравје и додаваат дека точните димензии дополнително ќе бидат испратени до Централната унија на општини во Грција, која е надлежна за тендерот и снабдувањето со маски.

Од Централната унија на општини во Грција соопштија дека побарале да запре производството и одново да започне кога ќе ги добијат новите димензии.

На почетокот на месецов, министерот за внатрешни работи на Грција Такис Теодорикакос соопшти дека за бесплатните маски се одвоени шест милиони евра, а надлежна за набавката и доставувањето е Централната унија на општини во Грција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...