4.5 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаЕкс градоначалникот на Крива Паланка, заработи нова кривична пријава !!!

Екс градоначалникот на Крива Паланка, заработи нова кривична пријава !!!

spot_img

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Арсенчо Алексовски (59), К.П.(54), А.А.(67), сите oд Крива Паланка и О.П.(60) oд Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

<

Според полицијата, Алексовски од 01.08.2011 до 2018 година, во својство на градоначалник на општина Крива Паланка, не постапил по oдобрението за поставување на урбана опрема, издадено од општина Крива Паланка, односно без да се отстрани урбаната опрема во предвидениот период наведен во oдобрението и aнекс-договорот за закуп и без да се прибави ново oдобрение, биле склучени нови договори за закуп на предметната урбана опрема со правно лице од Крива Паланка.

Второпријавениот и третопријавениот, во својство на овластени градежни инспектори во општина Крива Паланка не извршиле ниту еден инспекциски надзор и не презеле законски мерки согласно нивните работни задачи.

Исто така, четвртопријавениот, како овластен градежен инспектор, не презел законски мерки за отстранување на урбаната опрема, туку на 12.03.2020 донел решение за отстранување, по извршен инспекциски надзор по барање за поведување на постапка за дислокација на објекти од 04.03.2020 на општина Крива Паланка, поради реализација на урбанистички план со издадено решение за реконструкција и заедно со прво, второ и третопријавениот прибавиле материјална корист за општина Крива Паланка во вкупен износ од околу 788.601 денари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...