30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаОбвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против Рангелова, за сега обвинети се...

Обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против Рангелова, за сега обвинети се само Никола Груевски, Миле Јанакиески, Александар Трајковски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението за тројца обвинети во случајот „шлаканиците во Центар“.

<

Од обвинението се ослободени некогашната советничка во општина Центар за време на насилствата во 2013, Даниела Рангелова, Борче Богдановски и Милан Андоновски.

Но, обвинети во предметот остануваат Никола Груевски, Миле Јанакиески, Александар Трајковски и уште неколкумина кои одговараат за насилство. Од 14 обвинети сега 11-мина се товарат.

Тие се товарат за поттикнување и организирање насилни протести пред просториите на Општината кои биле организирани дека наводно се против запирање на изградба на црквата „Свети Констатин и Елена“ на улица „Македонија“, а всушност причината била да се спречи седница на Советот на Општина Центар на која требало да се променат деталните урбанистички планови.

Судењето е се уште во тек.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...