13.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаСведоштво на претепаните Роми од полицијата. (ВИДЕО)

Сведоштво на претепаните Роми од полицијата. (ВИДЕО)

spot_imgspot_img

Ромите кои во вторникот направиле сообраќајка по што биле претепани од страна на сообраќајната полиција во Битола, преку обраќање во живо на фејсбук сведочеа што се случило ноќта.

За овој инцидент јавноста дозна денеска, откако на социјалните медиуми вирално се рашири видео снимка на која може да се види како полицијата брутално тепа едно лице на улица.

Според Елвис Шаќири од граѓанската иницијатива АВАJА, во вторникот, тројцата Роми со автомобил направиле сообраќајна несреќа и удриле во бетонски ѕид. Во непосредна близина на сообраќајката имало сообраќајна полиција, која како што вели Шаќири, дошла на местото на настанот и без причина полицајците ги извадиле лицата од автомобилот и започнале брутално да ги тепаат.

Во обраќањето попладнево, Ромите се идентификуваа со име и презиме и рекоа дека причината за сообраќајната несреќа била тоа што биле пијани во автомобилот, по што удриле во бетонскиот ѕид. Но, како што сведочат таткото, синот и третото лице од автомобилот, тие очекувале полицијата да им помогне по сообраќајната несреќа, а не брутално да ги тепа, пренесува Слободен печат.

Воочливо е дека таткото и синот се здобиле со потешки телесни повреди, а третиот сопатник со пукната аркада на лицето.

Сведочат дека биле задржани во полициска станица до 5 часот изутрина, како и дека веднаш штом пристигнале во станицата, тие биле малтретирани и омаложувани, нарекувани со навредливи зборови и тепани.

Во полицијата никој не’ не прегледа. Вода побарав, вода не добив, се шегуваа и се изживуваа со нас како да сме стока, сведочи претепаниот татко, истакнувајќи дека не добиле фискални сметки во болницата за медицинскиот преглед.

На прашањето од активистите од Аваја дали знаат зошто полицијата постапила на ваков брутален начин, тие одговорија дека не постои причина која би го оправдала таквиот однос.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...