28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаКога ни изгоре куќата општината се пофали на телевизија дека ќе ни...

Кога ни изгоре куќата општината се пофали на телевизија дека ќе ни помогне, а сега никаде ги нема !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во оваа куќа живеело 11-членото семејство Рамадани од Шипковица до пред една година. Пожарот ги остави без покрив над главата, па во тој период живееја под кирија. Арбен Рамадани, единствениот вработен од ова семејство вели дека Општина Тетово ветила помош од 250 илјади денари, но по една помината година, освен решението, тие не добиле ни еден денар.

<

„Да, донесена е одлука за парите, но ништо од парите. Одам во општината веќе една година, но тие ми велат ќе видиме, ќе се среди, но нема никаква помош од општината. Под кирија сме откако изгоре куќата. Немаме помош од никого, се соочуваме со сиромаштија, се обидуваме да ја платиме киријата. Искрено, само душата ми знае како се снаоѓам кога ќе дојде месецот да ја платам киријата, водата и струјата. Ништо не останува за децата и семејството“, изјави Арбен Рамадани, Член на семејството.

Единствената помош што семејството ја добило е од пријателите, вели сопственикот на куќата, Зулфи Рамадани.

„Оттогаш живеам под кирија. Киријата не стига, плаќам 150 евра месечно, плаќам и струја, вода, не знам што да кажам, пријателите малку ни помогнаа, не знам што да кажам“, рече Зулфи Рамадани Сопственик.

Од општина Тетово не објаснуваат зошто доцнат со помошта, само ни рекоа дека наскоро семејството ќе ги добиело парите, пишува за Алсат.

Башким Сулејмани

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...