29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев - Мене душата ме боли за секој што останал без работа,...

Заев – Мене душата ме боли за секој што останал без работа, затоа новите мерки се од голема помош

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Заев порача дека неосновани се критиките од ВМРО-ДПМНЕ за новиот пакет економски мерки и посочи дека нема шанса за соработка со Христијан Мицкоски, бидејќи како што рече, тој „разговара за да не се договара“

<

Пакетот на антикризни мерки е за добробит на граѓаните и за да ја спасиме економија. Не е се за критика, нешто е за поддршка, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Стар коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата за четвртиот пакет мерки за справување со последиците на ковид- кризата.

„Мерките беа вистински дизајнирани да помогнат да сочуваат работни места. Знаете опозицијата викаше дека ќе има 140 000 нови невработени, 12 300 се, ама ме боли душата за секој човек од тие 12 300. Сега во новиот пакет мерки велиме – вратете ги луѓето, аплицирајте за помош, се со конечна цел да мотивираме. Сите пари што ги пуштаме се за граѓаните – дали се работници, дали приматели на социјална помош, пензионери, пасивни баратели на работа и слично сето тоа е да го одржиме економскот живот во тешко време со солидарност. Главната порака е дека државата е тука“,рече Заев.

Заев рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излегол на прес-конференција половина час по објавување на мерките, обвинувајќи дека не се добри и дека со него нема можност за соработка.

„Немал време ниту да ги прочита и вели ништо не чини..ВМРО-ДПМНЕ не предложи ништо. Се што ќе предложат ќе прифатиме. Ние прифативме се што предложија експертите, стопанските комори…Ова е според мене е голо критизерство без аргументи. Не можете да седнете со Мицкоски да разговарате, тој разговара за да не се договара“,рече Заев.

Премиерот истакна дека опозицијата треба да биде буден следач на работата на власта, коректив на нејзината работа, а ВМРО-ДПМНЕ вели, продолжува со злокобни зборови на омраза.

„Тоа можам да го објаснам само со самобендисаност, нарцисоидност, фрустрација само да се додржи во фотелјата во Белиот дворец, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се гази пред себе, тоа не добро. Ако опозицијата е слаба – лошо е за државата, лошо е за СДСМ, да има добра опозицијата е ќар за граѓаните. Ние можеме да продолжиме и вака, државата пак ќе оди напред и СДСМ ќе победува, ВМРО- ќе губи, но посакувам да работам заедно со опозицијата, да почувствува дека сите заедно сме одговорни“,рече Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...