11.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерот Венко Филипче пресече: Нема повеќе забави со жива музика и диџеи...

Министерот Венко Филипче пресече: Нема повеќе забави со жива музика и диџеи во ресторани, кафани и кафе барови

spot_imgspot_img

Синоќа после полноќ, приведен и задржан во полициска станица е 41 годишниот М.Д управителот на МОШ, ланч барот во Скопје, кој две вечери по ред на гостите им овозможи концерт без маски и протоколи со музичката звезда, Владо Георгиев, информираа од Владата.

„Лицето е приведено поради постоење основано сомнение дека, како одговорно лице, управител на ланч бар „Мош“ во Скопје, сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија- казниво по член 206, став 2 од КЗ на РСМ.

Лицето М.Д. не го применувал протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана и протоколот за отворање на кафетерии, како и здравствените прописи за време на епидемија.“ – се вели во соопштението на владата.

 

Не може цела угостителска дејност да пати поради 30 угостители, кои сакаат да се прошверцуваат во овој момент. Бараме поголеми надлежности од страна на државата, да можеме да ги затвараме локалите кои не ги почитуваат мерките, вели Стојко Пауновски директор на ДПИ.

Во денови кога есенскиот бран носи високи бројки на новозаразени, државниот пазарен инспекторат на терен бележи низа неправилности.

 

„Само во текот на вчерашниот ден, од преку 100 направени контроли издадени се 19 пријави, кривични или прекршочни со платни налози.

Прекршувања на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, како и пречекорување на работното време,забележани се во угостителски објекти во Скопје, Тетово, Струга, Битола, Прилеп и Струмица.“ – вели Стојко Пауновски – ДПИ.

Според Пауновски најголемиот дел од угостителските објекити кои прават свадби се посетени од инспекторите, а во 7 ресторани се затекнати свадбени прослави со преку стотина гости.

Кривични пријави се напишани за 9 објекти, поради нарушување на здраствените протоколи, изјави Стојко Пауновски за ТВ 24.

И додека инспекторите се на терен, од комисијата за заразни болести и понатаму ја разгледуваат моменталната епидемиолошка состојба, и можноста за рестриктивни мерки.

Директорот на институтот за јавно здравје, др Стојанов смета дека имало доволно време граѓаните да научат да живеат со мерките и протоколите, но ништо од тоа не се почитува а бројките и понатаму растат, според него сеуште многу граѓани не веруваат во постоењето на вирусот.

„Најбитна работа на светот да дојде Владо Георгиев и 2 недели да прави по 1000 луѓе концерт . Цело време не убедуваа дека ќе има протоколи и ќе се почитуваат, се што им дадовме не испочитуваа.

Кафани ќе имало на 5 м растојание, ма какви. Автобусите се полни без маски, и градски и меѓуградски. И сега имало бројки па ќе има, и уште повеќе ќе има.“ – вели др Александар Стојанов.

Забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на гласноста на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на луѓе кои може да седат на една маса во угостителски објект од сега дозволените 12 на четири.

 

Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести што ќе бидат предложени на денешната седница на Влада, најави министерот за здравство Венко Филипче. Дополнително, Министерот за здравство посочи дека една од можните мерки во иднина е ограничување на работа на одредени економски субјекти и на бројот на луѓе во јавниот превоз и мерката за носење маски на отворено:

„На денешната седница ќе предложиме до Владата да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти. Работното време да се почитува, до 12 часот во работни денови и до 1 часот на полноќ за викенд.

Исто така, ќе предложиме да се намали дозволената гласност на музиката и да се ограничува до 55 децибели, да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4. Го очекувавме ова.

 

Го најавувавме тој зголемен притисок, што требаше да се јави во есенските месеци заради поголемата концентрација на луѓе веќе после завршување на годишните одмори“, објави Филипче на својот профил на социјалните мрежи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...