23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонија''Пуста сиромаштија'' Бојан Маричиќ едвај собрал 3.000 евра да си купи половен...

”Пуста сиромаштија” Бојан Маричиќ едвај собрал 3.000 евра да си купи половен автомобил !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државната комисија за спречување на корупција го објави Анкетниот лист на Бојан Маричиќ кој со превземањето на министерството за правда за прв пат стана државен функционер во својата политичка кариера, а според истиот поседува возило кое го купил на старо, вложувал во инвестициски фондови и подигнал кредит од 50.000 евра.

<

Поранешниот технички преговарач со ЕУ во имотниот лист пријавил стан од 65 метри квадратни во Скопје купен во 2014 со вредност од 3,6 милиони денари како заеднички имот со неговата сопруга. Пријавил и возило Цитроен Ц4 од 180.000 денари, произведено во 2008, а купено во 2015, пишува ФАКТОР.

Уште сега штеди за иднината на своите две мали деца, па вложил и за едното и за другото по 1.100 евра во Инвестициски фондови од 2018 и 2019-та, а исто така отворил и денарски депозит за деца во Халк банка во 2020 и таму им чува 15.000 денари.

Од кредити, има еден подигнато од 3 милиони денари во 2015 и истиот треба да го враќа до 2047, како и уште еден потрошувачки од 200.000 денари.

Истовремено е објавен и анкетниот лист на Јетон Шаќири, новиот министер за информатичко општество и администрација, кој исто така за прв пат станува државен функционер.

Неговиот брачен другар има стан од 81 метар квадратен од 3 милиони денари, купен во 2018, но не е познато каде се наоѓа. Неговите родители имаат земјиште, куќа и деловен простор со вкупна вредност од повеќе од 20 милиони денари.

Шаќири пријавил свои три возила, од кои највредното му е Ауди А6 од 11.000 евра.

А.К.

Извор:Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...