19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаЗадоволен сум бидејќи мe плаќаат добро: Врз триесетгодишн скопјанец се вршат експериметни...

Задоволен сум бидејќи мe плаќаат добро: Врз триесетгодишн скопјанец се вршат експериметни во Институтот за фармакологија.

Од колега разбрав дека во Институтот за фармакологија и токсикологија во клиничкиот центар во Скопје, доброволно можеш да се пријавиш како “експериментално глувче“ и добро да заработиш.

Врз триесетгодишниот скопјанец, три години се тестираат разни видови на лекови.

“Вработен сум во една приватан фирма, а во Институтот доаѓам на повик на лекарите. Во клиниката, зависно од лекот кој ми се дава, останувам и по три дена. Во секој случај овие пари ми се добродојден ”, раскажува нашиот соговорник.

Според него, месечно од овој бизнис може да се заработи и една просечна плата, во зависност од лекот.

„Откако ќе го испиете лекот, докторите ви ја следат здравствената состојба, постојано се мери притисокот, телесната температура и неколку други потребни реакции. Изолирани сте од надворешниот свет, дозволено е дружба со другите луѓе кои исто така се дојдени за тестирање. Обично времето ни поминува играјќи некои друштвени игри. Досега од испитувањата ми се има јавено осип, вртоглавици и повраќање, но тоа е подносливо, објаснува скопјанецот, чиј идентитет согласно Законот нема да го откриеме.

Пред едно лице да биде ставено на оваа листа тој подлежи на ригорозни здравствени контроли. Само исклучиво здрави лица можат да бидат испитаници врз кои се аплицира лекот. За сите генерички лекови се прави студија на биоеквивалентност. Цел свет користи генерички лекови. Ново тестирање на лек врз истиот испитаник, како што објаснуваат докторите, може да се врши само ако поминале два месеци од претходното аплицирање на друг вид лек, велат од Институтот.

Зависно од лекот кој треба да се анализира различна е групата врз која треба да се аплицира истиот. Максимум групата треба да брои 70 испитаници, а долната граница не може да биде помала од 20 луѓе. Тие по давањето на лекот 24 или, пак, 48 часа се под постојан лекарски надзор и престојуваат во Институтот. Постојано се во придружба на медицинско лице дури и кога одат во тоалет. Засега како што тврдат лекарите не се регистрирани фатални нус појави од лекот што се тестира врз луѓето.

Извор: Вечер

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...