11.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПосле короната ништо не е исто: Еве како Прилеп ќе го одбележи...

После короната ништо не е исто: Еве како Прилеп ќе го одбележи 11 Октовмpи – Денот на нapoдното вocтaние

spot_imgspot_img

Без традиционалниот огномет и со скратена програма ќе се одбележи Денот на народното востание – 11 Октомври во Прилеп

„Одбележувањето на државниот празник, Денот на народното востанието 11 Октомври, оваа година ќе се организира во посебни услови, согласно протоколот за одбележување државни празници и без масовни собири, што го усвои Владата. Заради пандемијата со КОВИД-19, тие услови се однесуваат на бројот на учесниците, здравствено-безбедносната организација на местата каде што ќе се одржат свеченостите, како и местата за посетителите и учесниците, со обезбедена дистанца и заштита. Во таа насока, оваа година содржината на програмата за одбележување на Денот на народното востание е редуцирана, а акцентот е ставен на положување венци и свежо цвеќе на споменици и спомен обележја“, истакна на денешната прес конференција по повод Денот на народното востание 11 Октомври, градоначалникот Илија Јованоски.

Програмата за одбележување на Денот на народното востание започнува утре, во 11 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, со отворање на Фестивалот на медот, „Медот и пчелните производи, инвестиција во вашето здравје“.

Во сабота, 10 октомври, во Центарот за култура „Марко Цепенков“, од 09 до 13 часот ќе се одржи крводарителска акција, во организација на Општинската организација на Црвениот Крст – Прилеп. Вечерта во 19 часот е импровизираниот напад на Участакот, а половина час подоцна во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“. Детскиот фестивал ќе се одржи според сите протоколи за организирање настани во затворен простор, а кажано со бројки, тоа значи дека согласно пропишаната дистанца, во салата може да има максимум 105 посетители.

„Она што сакам да го потенцирам, е дека заради почитување на протоколот за одбележување државни празници, оваа година ќе изостане традиционалниот огномет. Сите знаеме дека огнометот е една од главните причини заради кој граѓаните во голем број излегуваат на градскиот плоштад ‘Методија Андонов – Ченто’. Тоа, во актуелните услови на пандемија од Ковид-19, е ризик и потенцијална опасност за ширење на коронавирусот. Ниту Општина Прилеп, ниту јас како градоначалник, немаме намера да им го ограничуваме правото на слободно движење на нашите сограѓани. Меѓутоа како одговорна власт и како одговорни граѓани, ќе ги спроведеме мерките за заштита од коронавирусот. Истовремено, искажувајќи грижа за здравјето на граѓаните на нашата општина, упатувам апел до сите нив, доколку сепак одлучат да излезат во центарот на градот, да користат заштитни маски и да одржуваат дистанца“, истакна градоначалникот Јованоски.

Во недела, 11 октомври, чествувањата по повод Денот на народното востание започнуваат во 8.30 часот, со полагање на свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов – Ченто и Кузман Јосифоски – Питу, Алејата на народните херои, споменикот „Жена борец“ и Могилата на непобедените.

Во 12 часот, во месноста „Топташ“ ќе се одржи „Топташ даунхил купот“, натпревар кој ќе биде бодуван за ранг листата на Велосипедската федерација на Македонија. Одбележувањето на празникот ќе биде заокружено во 17 часот, кога во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи детскиот музички фестивал „Весели ѕвончиња“.

„Сакам да напоменам дека соработката на нашата Општина и Општина Куманово во заедничкото одбележување на Денот на народното востание продолжува и оваа година. Во сабота на 10 октомври, претставници на Општина Куманово ќе присуствуваат на дел од настаните кои ги организира Општина Прилеп, а следниот ден, во недела на 11 октомври, делегација од нашиот град ќе положи цвеќе на Спомен костурницата во Куманово. На крајот, на сите граѓани им го честитам Денот на народното востание. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври!“, рече градоначалникот Јованоски на денешната прес конференција, одржана по повод Денот на народното востание, 11 Октомври.

Маркукуле

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...