Денес околу 13,00 ч. во с.Трубарево случена е сообраќајна незгода во која учествувале автомобил БМВ со скопски регистерски таблички ,управувано од Д.Д. (1948) , пешак малолетник и мотор управуван од Ќ. И. (1980) од.с.Долно Лисиче. Возачот на мотор на лице место им подлегнал на повредите. Со возило на Итна медицинска помош, возачот Д. Д.и малолетникот се пренесени во Ургентниот Центар. Увидот е во тек соопштија за Канал 5 од МВР.
Канал 5 официјално дознава дека десетгодишното дете било однесено во ГОБ ,,Св Наум Охридски “ , каде што им подлегнало на повредите.
Причините за оваа тешка несреќа не се познати. Дознаваме дека возачот на БМВ бил во алкохолизирана состојба и возел пребрзо.
Повеќе детали за тешката сообраќајна несреќа во вестите во 18.00 часот на Канал 5.