7.5 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаПрвиот контингент на Армијата на Македонија испратен во мисијата КФОР на Косово

Првиот контингент на Армијата на Македонија испратен во мисијата КФОР на Косово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Армијата на Република Северна Македонија како 30-та земја членка на НАТО од денеска, со 44 нејзини припадници,  ќе учествува во мисијата КФОР во Косово. Првата ротација е составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“.

<

Со присуство на највисокиот воен и државен врв во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше одржана воена свеченост по повод упатувањето на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисија на КФОР.-Пред нас можеме да ја видиме нашата НАТО Армија, пред нас се 44-мина, посветени мотивирани и храбри припадници на Армијата на Република Северна Македонија кои рамо до рамо, еднакви помеѓу еднаквите ќе го покажат сето она што го знаат и сите оние вештини и знаења пред своите колеги од сојузничките земји во мисијата КФОР, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната свеченост по повод испраќањето на првата ротација од нашата Армија во рамките на мисијата на НАТО на Косово.

Покажавме, истакна Шекеринска, кои се нашите квалитети на многу далечни места и од сега ќе го покажеме нашето вистинско место и во регионот. Членството во НАТО, како што додаде, значи безбедност и стабилност за нас, значи сигурност под колективниот чадор на Алијансата, но ние тоа членство го чувствуваме како голема одговорност.

-Ние покажавме дека ги споделуваме истите вредности како и Алијансата уште од 2007 година кога започнавме со логистичка поддршка на оваа НАТО мисија, рече министерката и дополни дека сега на оваа поддршка додаваме нова вредност – нашите припадници, искусни, мотивирани, опремени и подготвени да дадат суштински придонес кон силите на КФОР.

Претседателот на државата Стево Пендаровски посочи дека ова наше учество во мисија предводена од НАТО е јасен показател за нашата намера да бидеме активен и ангажиран член на Алијансата и за нашата намера да придонесуваме за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

-Не постои ниту една моја средба во сите овие години со високи претставници на НАТО, и цивили и генерали, на кои тие не зборуваа со посебен респект за квалитетот на македонските контингенти и во Авганистан, каде што го чувавме седиштето на мисијата во Кабул и за нашето учество во борбени мисии од кои многу наши војници се вратија со највисоки странски одликувања за покажаната храброст, рече Пендаровски.

Иако сме членкa на НАТО од март годинава, како што истакна, нашиот рејтинг во Алијансата е висок, а заслугата ви припаѓа, пред сè вам, почитувани војници и старешини, затоа што во континуитет покажувате врвна професионалност и целосна посветеност на оваа благородна професија.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...

Поднесена иницијатива за смена на актуелниот претседател Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите...