15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаПогледнете кои маски штитат од вирус, а кои за џабе си ги...

Погледнете кои маски штитат од вирус, а кои за џабе си ги носиме !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Постои еден многу едноставен трик со помош на кој можете да проверите дали вашата маска за лице доволно ве штити од коронавирусот, а тоа е да се обидете да угаснете пламен од свеќа со дување додека ја носите маската врз вашата уста. Добрата маска не би требало да дозволи пламенот да се угасне.

<

Овој трик, секако, не е стопроцентен метод за тестирање маски, ниту, пак, можете да си гарантирате целосна заштита со тој трик, но секако може да ви помогне да одредите која маска не е доволно добра.

Откако Центарот за контрола и превенција на болести ширум светот започна да им препорачува на луѓето да носат маски, истражувачите постојано ги тестираат најдобрите материјали за нивно производство, пишува „Business Insider“, пренесува „National Geographic“.

Идеалната маска би требало да го блокира ширењето на респираторни капки кои се шират преку каплање и кивање, но би требало да ги блокира и помалите честички, аеросоли, кои се шират додека луѓето разговараат или дишат.

Маската, исто така, треба да биде прицврстена околу носот и устата, бидејќи ако постои каков било простор или дупка, капките би можеле да излезат оттаму и да заразат други луѓе.

Под претпоставка дека маските се носат правилно, одредени материјали константно во текот на истражувањата покажале добри резултати. Општото правило е ткаенината која се користи за изработка на маските да биде цврста, бидејќи на тој начин подобро се филтрира воздухот. Исто така, пожелно е маската да има повеќе слоеви, а Светската здравствена организација (СЗО) препорачува маските од ткаенина да имаат најмалку три слоеви: првиот слој да упива, средниот да филтрира и надворешниот да биде изработен од полиестер.

Маските „N95“ на тестовите се покажале како најдобри, а за тоа говори и нивното име, бидејќи резултатите покажале дека имаат ефикасност од 95 проценти. Оние најцврстите ги затвораат устата и носот, па затоа многу малку вирусни честички влегуваат и излегуваат. Едно неодамнешно истражување покажало дека помалку од 0,1 процент од капките се пренесуваат преку „N95“ маските додека човекот зборувал.

Што се однесува до маските што се изработуваат во домашни услови, истражувањето покажало дека станува збор за најдобра алтернатива на хируршките маски, но само оние кои се направени од ќеси за правосмукалка, а дури пороа маските од пешкири, јастучници, свила и од памучни маици.

Во продолжение, погледнете ја листата од најдобри и од најлоши маски:

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...