17.8 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаСветРуската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ ќе се произведува во Индија, Бразил,...

Руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ ќе се произведува во Индија, Бразил, Јужна Кореја и Кина !!!

Руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ ќе се произведува во Индија, Бразил, Јужна Кореја и Кина, најави денеска директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF), Кирил Дмитријев.

– Потврдуваме дека ќе можеме во декември да испорачаме големи количини. Ќе ја произведуваме вакцината во Индија, Бразил, Јужна Кореја, Кина и во уште една земја – изјави Дмитријев на една онлајн конференција.

Портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков денеска рече дека „Спутник V“ активно се промовирала на светските пазари, па поради тоа побарувачката за неа значително се зголемила.

Тој рече дека вакцината на меѓународен план ја промовира Рускиот фонд за директни вложувања (RDIF), како и дека се многу успешни во тоа, но и дека е пристигна голем број на барања за вакцината.

Русија на 11 август соопшти дека регистрирала вакцина против коронавирусот наречена „Спутник V“ која ја разви истражувачкиот центар „Гамалеја“ при Министерството за здравство, како и дека клиничките тестирања се успешно завршени во јуни и јули.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...