15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаБерберот од Чаир го продаде својот џип марка BMW X5 за да...

Берберот од Чаир го продаде својот џип марка BMW X5 за да ги нахрани сиромасите во Македонија !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сакам да помогнам, сакам да бидам како водач на војска што ќе може да стаса на секоја адреса каде што има гладни и тажни деца. Но ако никој не ми помогне и државата остане глува на моите апели, ќе морам да престанам бидејќи не можам да одговорам на сите барања, додава Али МКД.

<

Мигот може да ви го промени живот, но и вие за миг можете да промените нечиј живот. Ако ви се чини дека може да ви се случи или едното или другото, една човечка и човечна судбина ќе ви покаже дека може да доживеете сѐ заедно.

Приказната на Февзи Али, Турчин што живее во Македонија, а работел во Виена, ги спојува трагедијата и среќата во едно. На овој човек животот и тука и таму му покажал дека мигот го менува живот, во првиот случај на лошо, а во вториот на добро.

До 2009 година Али живеел скромно и работел како бербер продолжувајќи го семејниот бизнис на својот татко во берберницата во Скопје. Воопшто не ни помислувал дека можеби еден ден ќе заработува доста посолидно. Заминал во Виена на гости кај братучед, а токму таа посета му ја отворила вратата на неговиот успех.

„Заминав кај братучед ми на гости, да го видам и да прошетам. Сакам да шетам по убави места. Се запознав со еден сопственик на фризерски салон за мажи и жени и така на шега се договоривме да види како работам. Потстрижив еден муштерија, па потоа друг и така… Во наредните денови еден од вработените мораше да замине на неколку дена поради обврски и бев повикан да го менувам“, ни раскажа Али.

 

Она што газдата на берберницата го натерало да му понуди да остане да работи се парите, односно прометот што успевал да го направи и, како што вели, поради квалитетното работење, но и поради тоа што умее да зборува неколку јазици. Од сите нив се чини дека најдобро го зборува јазикот на хуманоста.

„Зборувам убаво турски, албански, македонски, германски. По малку знам и француски, српски, а сега се дружам и со Роми и учам и од нивните зборови. Со секој муштерија умеев да зборувам на неговиот јазик. И знаете, кога умееш да зборуваш на нивниот јазик, ќе ги насмееш и ете, така се прави промет. Не е само да знаеш да работиш, треба да умееш со муштериите“, вели Али со насмевка.

Насмевка имал и неколку години додека работел во Виенa, каде што во тимот во кој подоцна станал шеф, работи со 27 колешки.

Од мај, 2009 до ноември, 2019 година работел во Виена, а кратко во земјава се вратил во 2014 година. Пожарот што за малку за него ќе завршел кобно, му донел огромна промена во животот и тогаш Али се заколнал дека кога ќе се оправи и ќе застане на нозе, ќе им помага на луѓето и наместо да ги чува парите, ќе ги вложува за некого да го направи среќен.

Пишува МКД

За повеќе информации на следниот линк:https://www.mkd.mk/makedonija/razno/berberot-ali-turchinot-od-chair-shto-prodade-bmv-h5-za-da-im-kupi-hrana-na-gladnite?fbclid=IwAR0lAo2qDVOhJhwkdXhI6jBHPOLiqZFa94kj3a_6_wGF4nqjr3Cmg6z7Sl8

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...