14.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаСе качуваат на рид за да фатат подобар интернет и да не...

Се качуваат на рид за да фатат подобар интернет и да не отсуствуваат од час- Онлајн наставата на Дајана,Дамјан и Даниел од село Цера

spot_imgspot_img

Децата живеат во планинско село на 1.100 метри надморска височина и на 13 километри оддалеченост од Македонска Каменица. Учат во гимназијата „Миле Јаневски Џингар“, која се наоѓа во градот. Иако посакуваа да одат на часови во вистинска училница, со новата класна и новите другари, Ковид-19 им ги промени плановите. Секое утро, кога почнува наставата, тие тројца излегуваат надвор и бараат ритчиња или височинка за да можат да фатат сигнал и да ги следат предавањата на професорите

Понеделник е. Седум часот наутро. Во осум почнува првиот час. Тројката Дамјан, Дајана и Даниел, ученици во прва година, имаат време да се расонат, да се измијат, да појадуваат и да се подготват за на училиште. Но, не за во она вистинското. Сега петинчното екранче на телефонот им е училиште. Тоа е училницата, единствената врска со знаењето и единствениот извор на информации за нив. Но, изворот постојано им секнува оти постојано снемува интернет, иако тие се жедни за знаења.

Тие живеат во Осоговијата, во планинското село Цера, на 1.100 метри надморска височина и на 13 километри оддалеченост од Македонска Каменица. Учат во гимназијата „Миле Јаневски Џингар“, која се наоѓа во градот. Иако посакуваа да одат на часови во вистинска училница и да ги запознаат лично новата класна и новите другари, Ковид-19 им ги промени плановите. Секое утро кога почнува наставата тие излегуваат надвор и бараат ритчиња или височинка за да можат да фатат сигнал и да ги следат предавањата на професорите. Иако кај нив се случил преод од основно во средно образование, биле принудени нивните другари, класната и другите професори да ги запознаат преку телефон, преку „Мајкрософт тимс“.

Димчо Анаќиев е татко на трите деца. Семејството се занимава со сточарство и земјоделство. За зима набавуваат повеќе храна и дрва и не одат никаде додека не се растопи снегот, бидејќи патот, но и целиот предел е лизгав и стрмен.

Тие не сакаа да објавиме нивни фотографии.

– Интернетот што го имаме овде е преслаб. Нема 4Г, едвај 3Г има. Децата секое утро одат на повисоко место, па кога ќе успеат да фатат сигнал, ги следат часовите. Често се случува да им се исклучи мрежата среде час, не по нивна вина. Моите деца многу сакаат да одат на училиште, но еве, не можат. Сега уште не е толку студено, но загрижен сум што ќе прават во зима, кога ќе наврне снег, зарем и тогаш ќе бараат височинки на минусни температури за да следат настава? Ризично е тоа да го прават во зима, сè е лизгаво и стрмно, не сакам да се качуваат некаде и да си го ризикуваат животот. Кога овде има снег, не можеме никаде да се јавиме, а интернетот е апстрактна именка. Ветија дека ќе им дадат таблети на децата за да можат да ја следат наставата, но засега ги немаат добиено. Сепак, интернет-врската е главниот проблем – загрижено вели родителот.

Во селото Цера има и други ученици кои немаат интернет и едноставно не следат онлајн-настава. Ова е село од разбиен тип, куќите се раздалечени една од друга, па децата не си одат по дома за да користат интернет од оние семејства што имаат.

Анаќиев вели дека од трите деца, најмногу учи ќерката Дајана. Тројцата одат и во Делчево кај роднини за оттаму да следат онлајн-настава и да си ги завршат училишните обврски, зашто таму интернетот е подобар.

– Сите се солидни ученици, но Дајана најмногу учи. До четврто одделение одеа на училиште во селово, а до деветто одеа во Каменица, им беше организиран превоз од селото до градот. Сега имаат книги, им дадоа од гимназијата. Се снаоѓаат, сепак тројца се. Ако се поправи мрежата, сè ќе биде подобро. Вака, тешко е да се образоваат од дома – вели таткото на децата.

Прочитајте го целосниот текст  објавен во Факултети.мк од каде е пренесена оваа статија

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе...

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...