8.6 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Не е убаво вака што прават, ние никогаш не би ги...

Заев: Не е убаво вака што прават, ние никогаш не би ги блокирале нашите браќа Бугари !!

spot_imgspot_img

Сите високи претставници на Европската Унија веруваат дека кон крајот на годинава ќе се одржи првата Меѓувладина конференција, кажа премиерот Зоран Заев, кој заедно со заменик-претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, имаа онлајн средба со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли и со други високи претставници на институциите на ЕУ. И покрај најавите на бугарската страна дека нема да дозволи земјава да ги почне преговорите со Европската Унија, Заев верува дека договор ќе се најде.

„Се обидуваме да бидеме многу разумни од наша страна, за да не подгреваме непријатности во јавноста. Да се направи чекор за да не се дозволи почеток на преговори со ЕУ не е во интерес на ниту еден народ. Ние како Македонци или целиот наш народ, тоа никогаш не би го направиле на нашите соседи и браќа Бугари“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање како ќе се најде решение за спорот со Бугарија.

Заев кажа дека целата Влада е фокусирана да се најде решение кое ќе доведе годинава да се одржи првата Меѓувладина конференција за преговори со ЕУ. Повтори дека ја отстранува можноста преговорите да не почнат.

Заев ја отфрли можноста од потпишување нов договор со Бугарија покрај постојниот, за кој рече е толку добар што подобар не може да се постигне. Тој рече дека не може да прецизира дали проблемот со новите бугарски барања ќе се реши со декларација, со анекс, со пропратно писмо или на некој друг начин.

„Ние имаме одличен договор. Тој беше основа и за Преспанскиот договор. Тоа беа храбри чекори од бугарска и од македонска страна. Не верувам дека постои подобар договор што може да се постигне меѓу македонската и бугарската страна. Постојат соодветни алатки и начини на решавање на ова прашање – со јавна изјава, со писмена изјава, со декларација, со договор, анекс на договор и слично – а да не биде договор на договор, рече Заев и додаде дека верува оти ќе употребат еден од дипломатските начини за да „двете страни бидат задоволни и да ги држи договорот подеднакво среќни“.

Заев кажа дека пред празникот 11 Октомври разговарал телефонски со неговиот, како што рече „пријател и брат“ бугарскиот премиер Бојко Борисов и дека тема биле сите важни прашања во однoсите меѓу двете земји. Средба ќе имаат на 10 ноември во Софија, за време на состанокот на Берлинскиот процес.

„Секако рековме дека треба да ги охрабриме двете комисии да продолжат со работа. Други разговори немавме, но ако треба ќе разговараме пак, да ја завршиме оваа работа“, рече Заев.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во вторникот изјави дека услов за Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ во декември е да се откаже од спомениците и плочите на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ и дека тој нема да прифати никаков компромис.

sdk.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...