28.9 C
Ohrid
вторник, јули 22, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Амди Бајрам имаше хронични заболувања, по протокол посмртно му е земен...

Филипче: Амди Бајрам имаше хронични заболувања, по протокол посмртно му е земен и брис.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој утрово почина, имал комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести.

На новинарското прашање во однос на тоа дали смртта има некаква поврзаност со свадбата на внуката на Бајрам што се одржа во Турција, Филипче одговори дека се уште нема подетални информации за тоа.

<

– Тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации, изјави Филипче во Струмица.

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Бајрам имаше проблеми со срцето, а дел од медиумите, јавија дека посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид. Неодамна, тој направи свадба за внуката во Турција. /МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Славевски: Македонија златото го чува во Банка во Англија.

Македонија Славески: Македонија златото го чува во Банка во Англија, ќе проверам дали е таму Автор: Деск 4NEWS.MK 22/07/2025 14:59 Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска на отворена...

Антонио истрча 600 км до Острог: „Ова беше за мајка ми и татко ми што ме гледаат од небото”

Македонецот, кој трчаше 600 километри од Скопје до Острог, бос пристигна на својата дестинација и падна на земјата „не од слабост, туку од благодарност“,...

Страшна сообраќајна незгода во Битола: При судар комбе со џип настана пожар на едно од возилата.

Во 18:55 часот денеска била примена дојава за сообраќајна незгода во битолското село г.Оризари. Територијалната противпожарна единица Битола интервенирала со едно возило и пет пожарникари. Засега...

Поранешниот телохранител на премиерот Христијан Мицкоски вели дека е невин.

Поранешниот телохранител на премиерот Христијан Мицкоски и припадник на Шестата управа на МВР, Ангел Самараков, денеска се појави пред Кривичниот суд во Скопје како...