1.9 C
Ohrid
сабота, декември 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПоранешниот шеф на Сашо Мијалков заработи 6 години затворска казна.

Поранешниот шеф на Сашо Мијалков заработи 6 години затворска казна.

spot_img

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот познат како “Специјална каса”.

Како што е познато, за “Специјална каса” обвинети беа Тони Јакимовски и Стево Маџовски. Судот ги прогласи за виновни за кривичното дело “злоупотреба на службена положба и овластување” и ги осуди на казни затвор.

Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, доби шест години затвор, а Маџовски на четири години затвор.

“Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 101/19 во јавноста познат како “Специјална каса” според која обвинетите Т.Ј. и С.М. ги огласи за виновни за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.1 од КЗ и ги осудува на казна затвор и тоа: Т.Ј. на казна затвор во траење од 6 години во која казна му се засметува времето поминато во притвор, С.М. го осудува на казна затвор во траење од 4 години”, соопштуваат од Судот.

Судот утврдил дека обвинетите земале парични средства за потребите на касата за исплата на средства за посебни намени за УБК, но воедно утврдено е дека евиденцијата за потрошените парични средства се уништени заедно со документацијата за исплата, односно главната книга за евиденција без за тоа да постои посебно одобрение од директорот на Управата.

Против оваа пресуда осудените имаат право на жалба до Апелациониот суд.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ветените 1.200 вработувања во здравството ќе се чекаат во јануари

Ветените нови 1.200 нови вработувања на среден медицински персонал од владината програма, со кои ќе треба да се осети подобрување на услугите во јавното...

Кривична пријава за тројца полицајци, незаконски држеле турски државјанин

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – специјализирано одделение за...

Повреден полицаец, со службено возило излетал од булевар во Скопје

Во 00.10 часот денеска, во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „крајслер“, сопственост на МВР, а управувано од...

Повредена 23-годишна девојка откако врз неа паднал звучник во кафуле во Центар

Денеска во 00.40 часот во СВР Скопје, било пријавено од страна на 23-годишната Е.П дека неколку часа претходно на 26.12.2024 околу 21.45 часот додека...