2.9 C
Ohrid
среда, декември 18, 2024
ПочетнаМакедонијаВозниот парк на Итната медицинска помош скапува среде Скопје, а државата ќе...

Возниот парк на Итната медицинска помош скапува среде Скопје, а државата ќе набавувала хелихоптери. (Фото)

spot_img

И двете политички партии факт е дека многу имаат вложено во здраството изминатите години, што дури и Европа ни завидува. Пред да дојде СДСМ на власт изјави дека ќе го продаде Мерцедецот на ”Никола Груевски” со што ќе набави нови амбулантни возила, но за воља на вистината властите се предомислија па си го задржаа за себе иако беше гребан од ”мачки”.

Пред една година министерот Венко Филипче кажа дека доколку навлезе вирусот во Македонија ние сме спремни да се справиме со тоа, но како ќе се справуваме кога нема ни доволно амбулантни возила, нема доволно болнички кревети но за жал нема ни доктори….. Сигурно ќе се запрашате каде се докторите после ова? половина си заминаа надвор од државата, а добар дел од тие што останаа навлегоа во политика наместо да го лечат народот во Македонија.

Возниот парк на Итната медицинска помош скапува среде Скопје ⚠️🚨
Додека се прават договори за два нови хелихоптери 🚁 кои ќе чинат 72 милиони евра и тоа под сомнителни околности , здравството во Македонија тоне секојдневно за што сведочат објавените слики. Хаварисаните 🚑🚑🚑 возила кои се оставени на милост и немилост на природата во Поликлиниката Букурешт во Скопје можат да послужат за дел од фото прилогот за лошото македонско здравство. Покрај тоа што ова е грда слика за самата болница истовремено е и шокантен фактот кој и како управува со државниот имот.
Почитуван Министре Венко Филипче и г-дине Деаги Рашковски дали некој од вас има увид или можеби знае што се случува во здраството ? Имате ли увид како тоа овие возила кои пред неколку години беа купени пропаѓаат вака? Понесе ли некој одговорност за уништување на државниот имот ? До кога ќе се уништува се што е купено со парите на граѓаните а притоа никој не сноси никаква одговорност. Напротив се набавува нешто што нема оправданост и неопходност во моментов и тоа на терет на граѓаните .
Срамно и трагично е ова што се случува. Тие 72 милиони евра можеби би било подобро да се искористат за обновување на некоја болница или за помош на оние кои секојдневно чекаат одлука на ФЗО за лекување во странство.
Почитувани, расипништвото на државен имот и пари на граѓаните мора да запре . Бараме и сакаме Европски 🇪🇺 здравствен систем. Македонија треба да има квалитетен и современ здраввствен систем кој ќе им нуди подобри услови и услуги на граѓаните.
Ве повикуваме сите Македонци да споделувате со нас најразлични искуства и фотографии од секојдневните проблеми со кои се соочувате во државниот систем. Заеднички обединети и вие кои живеете во Македонија но и ние од дијаспората да помогнеме да го подигнеме квалитетот на живеење во Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ловџија починал откако мечка паднала од дрво врз него

Човек од американската сојузна држава Вирџинија починал откако мечка паднала од дрво врз него – застрелана од друг ловец од дружината. Несреќата се случила на...

МВР објави меѓународни потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами

МВР на својата веб страница ја објави меѓународни потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами. АРТАН ГРУБИ татко Сакип мајка Зухра род.07.06.1977 год. во Скопје...

Борисов: Се изгуби многу време за Северна Македонија

Досега преговорите се одвиваат добро. И колку е потивко, толку подобро. Нека поминат сите теми па после ќе разговараме. Ова го изјави лидерот на...

Полицијата и утрово го тресе Арачиново: Пронајден цел арсенал оружје !!

Рано утринава полицијата пронајде оружје скриено во објект во околината на Арачиново. Според неофицијални информации запленети се 11 парчиња автоматско оружје, а се проверува...