25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаШеесетина административци ќе одат на помош во здраствениот инспекторат, за да пишуваат...

Шеесетина административци ќе одат на помош во здраствениот инспекторат, за да пишуваат решенија за изолација !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шеесетина административци ќе бидат прераспределени да им помагаат на вработените во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во изготвувањето и издавањето на решенијата за изолација.

<

Од Инспекторатот велат дека поради големиот број нови случаи на ковид-19, инспекторите од пишување решенија не можеле да ги извршуваат тековните работни обврски на институцијата и инспекциските надзори, па затоа побарале помош од Владата.

„Динамиката на издавање на решенијата за позитивни лица е 24 часа од моментот на нивното објавување во списокот на позитивни кои се доставува до ДСЗИ од страна на Институтот за јавно здравје. Решенијата за контакти по се издаваат по добивање на епидемиолошки анкети од регионалните центри за јавно здравје. За да се издадат овие решенија, од кои зависи понатаму целиот систем на контрола на нивното лекување и движење, ангажирани се сите инспектори со кои располагаме. Но, поради зголемениот број на новозаразени секој ден, се обративме до Владата да ни обезбеди помош од човечки ресурси- административни работници кои би ги изготвувале и испраќале решенија. Обезбедување на административни службеници е веќе во тек и ќе се овозможи непречено извршување на тековните работни обврски кои се во надлежност на Инспекторатот“, вели директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова.

Последниот месец откако бројот на новозаболени се зголеми, пациенти кои се позитивни на ковид-19 се жалат дека им доцнат решенија за изолација. Лица кои биле во контакт со позитивен и се посочени како контакт и треба да бидат во изолација воопшто не добиваат решение и не можат да го регулираат отсуството од работа.

А. АНТЕВСКА Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...