8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонка поминала низ вистински хорор во српско реално шоу: Moчале во иста...

Македонка поминала низ вистински хорор во српско реално шоу: Moчале во иста соба каде што спијат, за чиста крпа требало да имаат секс !!

Ирена Ристиќ ја споделува приказната на Ангела Илиевска, учесничка во „Парови“ и ги повикува службите да ѝ пружат правна помош и заштита.

Стаатусот го пренесуваме во целост, а можете да го видите и сведоштвото.

Ова видео е само едно од неколкуте видео исповеди на поранешни учесници во српските реални шоуа. Го избрав токму ова за да ја отворам конечно темата за она што се случува во овие програми од две причини 1) девојката е од Македонија и е конечно вратена дома во април/мај 2020 па верувам тоа ќе биде поттик да ја исконтактираат службите и медиумите и да ѝ пружат правна помош и заштита и 2) и покрај тоа што овие ТВ програми не се емитуваат на најголемиот број кабловски, огромен број луѓе од Македонија ги гледаат на youtube.

Исповедта на Ангела која трае околу 1 час вклучува неколку сериозни кривични дела на кои се жртви учесниците. Знам дека ова се индиции ама најмалку што заслужуваат е сериозна истрага. 1. Постоење на скриена соба т.н. ИЗОЛАЦИЈА 2. Договорите на учесниците (патем правно необврзувачки) содржат известување дека како казна продукцијата може да ги носи без нивна согласност во соба каде ќе поминат време (кое продукцијата ќе го одреди- некогаш и повеќе од 24 часа) сами.

Тоа што не е кажано во договорот, ниту прикажано на ТВ е фамозната ИЗОЛАЦИЈА 2 во која нема камери, има влага, плочки/бетон, нема светло и воздух и е голема 2 метра квадратни. Учесниците се нсени полуголу на сила во таа соба без вода, ќебе или што било. Некои од нив морале да вршат нужда и потоа да спијат во истата просторија. Фотки и видео снимки од оваа просторија објави еден поранешен вработен во обезбедување во реланото шоу Парови (линк во коментар).

2. Учесниците се држени против нивна волја, односно не им е дозволено излегување од шоуто. Дел сакаат да седат, ама некои не сакаат и молат да излезат. Затворени се, заклучени, молат и плачат да одат дома, но обезбедувањето не им дозволува по наредба на продукцијата. Девојката од Македонија долго време користела прилика кога програмата е во живо да моли родителите да дојдат да ја спасат, но штом почне да зборува камерата се трга од неа, а нејзината бубица (микрофон) се исклучува.

3. Во реалното шоу Парови имало случај на силување на девојка пред камери. Клипот е тргнат, снимката уништена, но медиумите и луѓето од Србија го паметат ова бидејќи се прикажало на ТВ. (линк во коментари). Силуваната девојка јавно се огласи за тоа што ѝ се случило (линк во коментар од нејзината исповед). Никој никогаш не покренал обвиненија. Силувачот е ријалити ѕвезда и на слобода.

4. Употреба на лекови (седативи, антидепресиви и слично) во комбинација со алкохол е не само дозволена туку и промовирана. Доколку учесниците имаат какви било здравствени проблеми речиси никогаш не им е носен лекар или терапија. Дури ни на бремената девојка која била дел од оваа сезона на Парови. Таму се шетаат само доктори од Психијатриската болница „Др. Лаза Лазаревиќ“ (кои не сфаќам како може да молчат за ова) и се делат само лекарства кои во комбинација со алкохол ги прават учесниците весели, опуштени, а потоа раздразливи и нервозни. Сега сфаќате зошто тие луѓе внатре или играат и пијат или се тепаат.

5. Спиење им е дозволено макс 5 часа ан ден, а најчесто спијат од 3 до 4 часа. Заради тоа се раздразливи и агресивни. одење во веце и јадење е дозволено кога продукцијата ќе им каже.

6. Девојката од Македонија е исфрлена конечно од шоуто после сите молби во април 2020 во сред вонредна состојба и пандемија и оставена сама да се снаоѓа (без динар) за да стигне дома кај родителите. Границите со Србија тогаш се веќе затворени. Ова се само неколку клучни сериозни обвинувања за реалното шоу Парови. Знам дека тоа се српски медиуми и нашите институции немаат ингеренции врз нив, но барем оние кои ги гледаат да знаат што гледаат и да пренесат на помалите кои не ја знаат темната страна на ова ропство.

ХОРОРОТ, КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА, НАСИЛСТВОТО И МАЛТРЕТИРАЊЕТО ВО СРПСКИТЕ РИЈАЛИТИ
Ова видео е само едно од неколкуте видео…

Posted by Irena Cvetkovik on Tuesday, November 3, 2020

Напомена 1: Не сум пуританка и не мислам дека ТВ програмите треба да содржат само репортажи од зајдисонцата од нашата татковина. Напротив, секс, употреба на супстанци и насилство гледам без проблем кога е тоа глума или ствар на взаемна согласност. ОВА НЕ Е ТОА. Употребата на супстанци е за да се издржи притисокот, а сескот е често изнуден, а во еден случај и на сила и без согласност. Напомена

2: Тие што мислите дека овие програми се толкаво дно што не вреди да се алармира никој, слободно терајте на Нетфликс и уживајте. Јас со постов навистина не сакам да зборувам за ВКУС туку за индиции за СЕРИОЗНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...