11.5 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаСветВо САД гласале и „мртви“, штабот на Трамп поднесе жалби а има...

Во САД гласале и „мртви“, штабот на Трамп поднесе жалби а има и протести во неколку држави

spot_imgspot_img

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе жалби во Пенсилванија, Мичиген и Џорџија, поставувајќи основа за оспорување на гласањето во земјите каде заостанува зад демократот Џо Бајден.

Новите жалби, кои се приклучуваат на постојните тужби на републиканците во Пенсилванија и Невада, бараат подобар пристап на набљудувачите од штабовите до локациите каде се обработуваат и бројат гласачките ливчиња и изразуваат загриженост за гласањето во отсуство, соопштија од штабот на Трамп.

– Штабот на Трамп се обидува да интервенира и во случајот Пенсилванија во Врховниот суд, со прашањето дали може да се избројат ливчињата добиени до три дена по изборите, изјави заменик-менаџерот на кампањата, Џастин Кларк.

Републиканците исто така најавија дека ќе бараат пребројување на гласовите во Висконсин, држава каде АП вчера го прогласи и Бајден за победник.

Менаџерот на кампањата Бил Степиен ги наведе „неправилностите во неколку окрузи во Висконсин“, без да наведе детали.

Рудолф Џулијани, правен советник на американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, во говорот во Филаделфија рече дека „се случува голема измама“ на изборите во САД.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, меѓу другото, даде бизарни проценки во својот говор, како на пример дека „мртвите и марсовците“ можеби гласале на изборите, како и дека демократскиот кандидат Џо Бајден можеби гласал за себе 5.000 пати.

 

Пред да замине за Филаделфија, Џулијани на Твитер рече дека отишол во Пенсилванија со правен тим за да ги оспори резултатите од изборите во таа сојузна држава, што се смета за важно за исходот на изборите во САД

Трамп се огласи на Твитер откако објави законска процедура поради пребројувањето на гласовите во Висконсин и Мичиген, во кои според неофицијалните податоци победи неговиот противник, демократот Џо Бајден.

„Нашите адвокати бараа пристап до податоци, но каква корист од тоа? Штетата е веќе направена на интегритетот на нашиот систем и на самите претседателски избори. За тоа треба да разговараме! “, напиша Трамп.

Бајден вчера рече дека пребројувањето треба да продолжи во сите држави, додавајќи дека „никој нема да ни ја одземе демократијата, ниту сега ниту никогаш“

Засега, Бајден има освоено 264 изборни гласови од 270 неопходни за победа на претседателските избори во САД.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...