7.8 C
Ohrid
петок, декември 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЈугослав пациент заболен со Ковид-19: Ве молам добри луѓе помогнете, не сакам...

Југослав пациент заболен со Ковид-19: Ве молам добри луѓе помогнете, не сакам мојата мајка да ме види мртов !!!

spot_img

На фејсбук со апел за помош се обрати Југослав Николиќ, пациент заболен од Ковид-19, Ви го пренесуваме во целост и апелириме за помош!

“Драги мои роднини, пријатели и сите што ова ќе го прочитате,

Дојде момент да немам друг избор и помош да барам јавно. Јас сум Југослав и сум пациент на клиниката за белодробни заболувања во комплексот Мајка Тереза, позитивен на КОВИД-19 и со лоша клиничка слика.

Се борам за секој нареден здив, вода пијам голтка по голтка со многу вложен труд и болка бидејќи грлото ми е во рани од кашлица и исплукување крв. Клиниката е преплавена со заболени, лекарите и сестрите борци се борат како последните упорни херои, жртви на воен фронт.

Секој ден се плашам дека можеби ова е мојот последен ден на овој мил свет. Моите сестри веќе заминаа од светот на живите, а јас секој миг се плашам дека мајка ми ќе остане и без последното чедо кое што не успеа да остави ни внуци позади себеси.

Сметам дека клиниката неможе да ми ги пружи идеалните услови за мојот организам ги има сите шанси за борба па одлучив да Ви се обратам Вам за помош. Хуманитарните луѓе од млекара Бучен Козјак веќе помогнаа со голем дел од средствата кои ми се потребни да се лекувам на приватна клиника каде што сметам дека медицинскиот тим може да ми пружи подобри шанси за живот, но ми недостасуваат уште 9000 евра за да примам озонска терапија и крвна плазма и да ја продолжам борбата со нови сили.

Ве молам сите што сте во можност и на кои нема да можам можеби и никогаш да Ви се одолжам, доколку можете, да ми донирате средства на следните сметки:

Банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Име: Југослав Николиќ
трансакциска сметка: 300007086496153
девизна сметка(IBAN): MK07300307015989360″

 

Драги мои роднини, пријатели и сите што ова ќе го прочитате,

Дојде момент да немам друг избор и помош да барам јавно….

Posted by Yugo on Thursday, November 5, 2020

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...

Пукање во Дебар – непознати напаѓачи пукале во полицајци кои се обиделе да ги запрат !!

Полицајци од граничната полиција вчеравечер во Дебар биле нападнати од двајца непознати напаѓачи, кои пукале во нив откако полицајците ги забележале како се движат...

Арачиновци длабоко под земја наместо компири, имале закопано оружје и бомби.

Куп експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови, дознава „Скопје1“. На локацијата се копаше повеќе...