25.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаСветЖивотот на Џо Бајден е исполнeт со трагедии: Сопругата и неговата ќерка...

Животот на Џо Бајден е исполнeт со трагедии: Сопругата и неговата ќерка починале во сообраќајка, а неговиот син умира во 2015 година на 47 годишна возраст од тумор!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кандидатот за претседател на САД, адвокатот Џо Бајден, 77, доживеа семејна трагедија што малкумина можеа да ја замислат.

<

Синот на Џо, Бо Бајден почина во 2015 година на 47-годишна возраст од тумор на мозокот, но тој не е единствениот член на семејството за кој Бајден редовно ги посетува гробиштата.

Бајден завршил правен факултет во 1966 година, а наскоро по дипломирањето ја запросил својата долгогодишна девојка Нилиа Хантер. Тие се венчаа истата година и го проширија своето семејство со два сина, Бум и Хантер и ќерка Наоми.

Сопругата беше најголемиот поддржувач на Бајден, бидејќи тој градеше политичка кариера и тие имаа идиличен брак и добар семеен живот. Меѓутоа, во 1972 година, за време на празниците, сето тоа беше прекинато од голема трагедија.

Само една недела пред Божиќ, Нилија одела на шопинг со своите синови и ќерката, а додека биле во автомобилот, налетал камион. Сопругата на Бајден и едногодишната ќерка Наоми починаа на самото место, додека неговите синови беа тешко повредени.

Нилија и Наоми се погребани на гробиштата во Гринвил, каде Бајден подоцна го погреба својот син Бо.

Кандидатот за претседател немал многу време да жали за загубата на сопругата и ќерката затоа што се посветил на воспитувањето на синовите, а три години по трагедијата, повторно нашол верба во љубовта..

Тој ја запознал својата сопруга Џил, со која е во брак од 1977 година. Таа му помогна да се грижи за Бо и Хантер, а во 1981 година тие ја добија ќерката Ешли, која е социјален работник.

Синот на Џо, Хантер (50) тргна по неговите стапки, дипломира право и работи како адвокат.

Покојниот Бо исто така тргна по стапките на неговиот татко, беше адвокат и работеше како Окружен правобранител во Делавер.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова бара сериозна акција против принудувањето на жените на проституција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Тетово на новинарско прашање ја коментираше вчерашната ситуација кога беше спречено самоубиство на жена која била принудувана на проституција. Ранливоста...

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....