30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаИнтегра за градоначалник на Штип го кандитираше Симон Поликарп-Џими !!!

Интегра за градоначалник на Штип го кандитираше Симон Поликарп-Џими !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поднесени се пет кандидатури за избор на градоначалник на Општина Штип до Општинската изборна комисија. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева за МИА вели дека до полноќ, кога и официјално истече рокот доставени се вкупно пет кандидатури.

<

Во трката за градоначалник на Штип со мандат до октомври 2021 година влегуваат независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија , а најголемо изненадување за штипјани е кандидатурата на Интегра-Македонска конзервативна партија, која за свој кандидат го избра Симон Поликарп, познат на штипјани како Џими, кој е роден во Нигерија, а во Штип доаѓа да студира, каде што веќе неколку децении живее и работи.

Андреева вели дека официјално овие се петмината кандидати за предвремените избори за градоначалник на Општина Штип.

ВМРО ДПМНЕ попладнево по седницата на Извршниот комитет објави дека нема да учествува на овие избори и да делигира свој кандидат. Тие бараат да се одложат изборите, бидејќи здравјето на граѓаните во моментов им е важно.

Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 ти декември, ќе се гласа според здравствените протоколи на предвремените парламентарни избори. На 11 декември гласаат болните од Ковид-19, на 12 декември болните, изнемоштени лица и осудениците во затворите, а на 13 ти декември е изборниот ден, кога гласачките места се отвараат во 7 часот.

Извор:MAKPRESS

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...