30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЛидија од Охрид: Може слободно да не го сакате Филипче и Заев,...

Лидија од Охрид: Може слободно да не го сакате Филипче и Заев, но едно да знаете: Oвој вирус е чудовиште !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Охриѓанката Лидија Неданоски на Фејсбук им се обрати на сите кои уште не веруваат во вирусот.

<

“До сите вас кои сеуште не верувате во вирусот, Охриѓани и останати, до сите вас кои безобразно го ширите вирусот знаејќи дека имате симптоми, пиете парацетамол и одите на работа, по маркети, по кафиња и по комшии.

Седми ден се борам со Ковид 19.Во моиве 43 год.досега не сум се соочила со вакво нешто, а сум поминала доста. Но ова другари не е вирус, ова е чудовиште.Те легнува, те врзува за кревет и со сета своја сила те дроби, ти го зема здивот и ти ја убива психата.Не се лажете дека е обичен грип !!! Се дури си дома пак се држиш некако.Е ама кога влегуваш на инфективно почнува вистинската слика за Ковид 19.До секој кревет боца со кислород, се борат луѓе за здив, сини во лицето, лежат во соба и татко и син, и мајка и ќерка, и снаа и свекрва, мајка која го изгубила синот од Ковид, и сама се бори за живот ( пусти живот нејзин 😥 ) .Персоналот наоружан до заби, скафандери маски визири и така 24 часа трчаат од кревет од кревет, се чудиш од каде им е силата.Во меѓувреме надвор стотина пациенти во текот на целиот ден чекаат ред за преглед, за брис.И те обзема бес !!! Ти текнува на сите оние кои не веруваат во вирусот ама секојдневно фрлаат дрва и камења по Филипче и здравството.Другари ич не го сакајте Филипче и владата, сакајте се себе си и вашите блиски,заради вас самите почитувајте мерки.Не верувајте во глупости дека даваат пари за да кажеш дека си болен од Ковид.Нема пари кои можат да го платат стравот од смрт, стравот за децата и блиските , а болката и маката ? Јавно упатувам апел до сите.Не криете дека сте болни, не седете дома со парацетамол.Не е грев да си болен,грев е да криеш, да заразуваш недолжни луѓе, хронично болни кои заради вас може и да умрат.Болничките капацитети се полни, и сами сме виновни бидејќи 8 месеци секој ден се укажуваше на тоа.Знаејќи ја силата на нашето здравство секој ден здравствените власти не молат да почитуваме мерки за да не колабира здравствениот систем.За ваков неодговорен народ и овој здравствен капацитет е многу.Секоја чест за здравствените работници.Господ да им дава сила за да издржат до крај.”

До сите вас кои сеуште не верувате во вирусот, Охриѓани и останати, до сите вас кои безобразно го ширите вирусот знаејќи…

Posted by Lidija Darko Nedanoski on Saturday, November 14, 2020

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...