15.6 C
Ohrid
четврток, јуни 5, 2025
ПочетнаМакедонијаЌерката на починатата пациентка: Мајка ми два дена се молела за кислорот...

Ќерката на починатата пациентка: Мајка ми два дена се молела за кислорот од сестрите во штипската болница !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЦЗИ) во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Штип, за случајот со 41-годишната пациентка која на 14 ноември во утринските часови почина по компликации од ковид-19 на Инфективното одделение, соопшти Министерството за здравство.

<

Ќерката на починатата жена синоќа на Фејсбук објави скриншотови од нејзиниот телефон, каде се гледа дека хоспитализираната жена 2 дена упорно од болничкиот кревет им вртела на медицинските сестри, им пратила и смс-порака дека ѝ треба кислород, но според скриншотовите, никој не ѝ вратил ниту дошол, по што починала. Според нејзината ќерка, жената претходно немала никакви заболувања, а на Инфективното одделение се лекувала од 6 ноември. Ќерката, исто така, објаснува дека не добивале никакви информации за состојбата на мајка ѝ.

Директорот на Клиничката болница Штип д-р Ален Георгијев, исто така побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.

„По завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста ќе биде детално информирана“, вели Министерството.

На 1 ноември, директорот Георгијев кажа дека Штипската болница не може да купува кислород и лекови за болните од ковид-19 поради локалните изборите, а Антикорупциска комисија ги советува да позајмат од други болници.

„Повеќе набавки ни се проблем, но во овој период најмногу медицинскиот кислород. Затоа ги интензивираме постапките за набавка на боци за кислородна поддршка, медицински помагала и разни заштитни средства. Антикорупциска комисија како регуларни ги признава само набавките со годишните програми кои не се косат со Изборниот законик и Законот за јавни набавки, но на почетокот на годината кога се донесуваа годишните планови кој можел да предвиди дека ќе се случи и пандемија и предвремени избори за градоначалник,“ рече тогаш Георгиев и додаде дека барале начини преку Бирото за јавни набавки да ги обезбедат по кој било законски основ само да не трпат пациентите.

Во Штип ќе има избори за градоначалник на 13 декември, бидејќи досегашниот градоначалник Благој Бочварски стана министер за транспорт и врски.

СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„72-годишен маж од Гостивар ги заклал кравите на својот брат по семејна расправија„

Вчера во село кај Гостивар е уапсен 72-годишен човек кој е осомничен дека со нож ги бодел кравите на сопствениот брат, од кои една...

Работникот од Кина кој падна од мост кај с.Требеништа се бори за живот по повреда на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото...

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники. На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека...

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци

Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна...