7.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаСе полнат последните капацитети во прилепската болница

Се полнат последните капацитети во прилепската болница

spot_imgspot_img

Ситуацијата во Прилеп е крајно драматична и алармантна. Капацитетот на прилепската болница е целосно исполнет, во моментов таму се хоспитализирани 116 пациенти заболени од Ковид 19. Oд болницата се надеваат дека до крајот на денот на домашно лекување ќе бидат пуштении 5 до 6 пациенти за да може тие кревети веднаш да ги пополнат други кои веќе чекаат ред. Токму поради оваа ситуација покрај одделите за очно, ушно и еден отсек на интерно, во моментов се приспoсобува и 4 ковид цетар, а тоа е еден дел од одделението за гинекологија, што засега е и последниот слободен капацитет во болницата. Сега се бара и персонал за тој центар.

„Таму прошируваме и веќе е наместено за сместување на уѓте 20 до 25 пациенти отприлика, ќе започне да функционира најверојатно од сабота поради тоа што мора да се обезбеди кадарот кој ќе се грижи за пациентите. И сега сме во тек на тие активности за обезбедување на доктори, сестри и болничари“, истакна Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

Проблем се појавил и со дедимерите, реагенси, кои служат за испитување на пореметување во коагулацијата на крвта која ја предизвиикува корона вирусот. Нова количина ќе стигнела утре.

„Ограничена е количината, до кога ќе издржиме со таа количина неможам да кажам. Од компанијата која ги има обезбедено тие реагенси наведуваат дека нова пратка ќе има после една недела“, рече Богоески.

sitel

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...