24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес пристигна Благодатниот оган на аеродромот во Скопје

Денес пристигна Благодатниот оган на аеродромот во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По првпат директно од Ерусалим го донесе стобискиот епископ Јаков од МПЦ, кој во светиоот град беше дел од делегацијата на БПЦ.

<

Благодатниот оган во земјава беше доснесен со бугарскиот владин авион со кој викарниот епископ од Струмичката епархија Јаков претходно го помина патот од Ерусалим до Софија заедно со митрополитот старозагорски Кипријан од БПЦ.

Епископот Јаков на скопскиот аеродром беше пречекан од неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со претставници на другите епархии низ државава, кои потоа ќе го разнесат благодатниот оган по храмовите во Скопје и низ земјата.

-Му благодарам на премиерот Зоран Заев и на бугарскиот премиер Бојко Борисов, бидејќи без нив ништо од ова не ќе беше можно, изјави епископот Јаков по слетувањето на скопскиот аеродром.

Благодатниот оган е феномен, односно чудо што се случува секоја година на Велигден. Самиот се спушта на чудотворен начин во гробот Христов и повторно на чудотворен начин се запалуваат свеќите на православниот патријарх кој пребива на молитва во гробот. Потоа тој ги изнесува свеќите и од тие свеќи сите верници или сите претставници, делегати на православните цркви кои стојат во храмот пред гробот ги палат своите свеќи или кандилата и ги носат потоа во своите земји.

Досега Благодатниот оган беше носен или позајмуван, земан од другите цркви преку посредништвото на Бигорскиот манастир и архимандритот Партениј. Годинава првпат викарниот епископ од Струмичката епархија го презеде огнот во Ерусалим и го донесе во земјава како благослов за православниот народ и за православната црква.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...