6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПрилепскиот актер Михајло брутално претепан бидеќи искоментирал да не се пуштаат луѓе...

Прилепскиот актер Михајло брутално претепан бидеќи искоментирал да не се пуштаат луѓе во маркетот без маска !!!

spot_img

Прилепскиот актер Михајло Миленкоски преживеа трауматично искуство зашто во маркет во Прилеп укажал да не се пуштаат луѓе што не носат заштитни маски, оти е опасно за здравјето на луѓето. Брутално бил нападнат од прилепчанец што не носел маска и онесвестен завршил на хируршкото одделение во прилепската болница.

Миленкоски го опиша настанот не можејќи да сфати како може да се случи таков напад.

„Влегов во маркет да пазарам. Имаше еден дечко кој не носеше заштитна маска. Не изреагирав во тој момент, но се оддалечив од него за да се заштитам себеси. На вработениот од маркетот му укажав и забележав дека не е фер да пуштаат луѓе кои не носат заштитни маски, бидејќи ситуацијата е крајно сериозна. Па и алармантна, а ние треба да бидеме свесни, особено во маркетите и при редиците во банките и во други институции и објекти. Изреагирав пред вработениот, а дечкото без маската ме слушна. Веројатно се налути и ми упати закана дека ќе ме почека надвор за да се разбереме што е проблемот. Тоа не го сфатив многу сериозно. Пазарев, излегов од маркетот, а дечкото ме чекаше“, објаснува Миленкоски.

Пред маркетот почнало трауматичното искуство на Миленкоски кој набрзо завршил онесвестен, а се разбудил на хируршкото одделение во прилепската болница, каде се констатирани скршеници и потрес на мозокот поради што десет дена лежел дома.

„Ме чекаше пред маркетот и ми рече дека тоа не е моја работа, луѓе умираат секојдневно, а што можел тој да направи. Се извинив ако се почувствувал навреден. Само што тргнав да заминам, ме фати за рамото, почувствував силна болка и на ништо друго потоа не се сеќавам. Се разбудив на хируршкото одделение во прилепската болница. Таму ми направија компјутерска томографија на главата. Имав скршен лев синус, правоаголно со вилицата, потрес на мозокот. Таму бев на опсервација 8 часа. Лекарот рече да си заминам дома зашто е опасно поради коронавирусот долго да лежам на болница. Дома бев затворорен речиси 10 дена за да мирувам во темница и во тишина. Сега сум подобро, но со одредени болки“, вели Миленкоски.

Случајот го приијавил во полицијата. Од социјалните мрежи знае за кого станува збор, но од полицијата досега нема конкретен епилог.

„Случајот го пријавив во полицијата. Ме контактираа и до вчера немаше информација дали дечкото е најден. Денеска пак ме контактираа од полицијата, наново ја објаснив ситуацијата. Се надевам дека насилникот ќе биде најден. Јас знам од Фејсбук за кого станува збор. Жално е во денешно време да има вакви насилници. Полицијата мора да преземе мерки. Ако таков насилник тоа го направи, ќе го повтори и ќе нема крај“, раскажа Миленкоски, не можејќи да сфати дека вакво насилство се случува во денешно време кога е најбитна заштитата на здравјето.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...