21.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСопругата на претседателот Пендаровски:Еден од девет смртни случаи е поради загадениот воздух.

Сопругата на претседателот Пендаровски:Еден од девет смртни случаи е поради загадениот воздух.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еколошката криза влијае на здравјето на луѓето. Да го земеме за пример загадувањето на воздухот. Пред пандемијата, годишно, поради загадувањето на воздухот во светот умирале околу три милиони луѓе, односно еден од девет смртни случаи во светот се должел на лошиот квалитет на воздухот, истакна сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.

<

– Воздухот што го дишат македонските граѓани, а особено жителите на урбаните центри, е меѓу најзагадениот во Европа. Овој еколошки проблем предизвикува многу болести, оштетување на белодробната функција, астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), кардиоваскуларни пореметувања и предвремена смртност – изјави Ѓоргиевска на онлајн трибина „Зачувување на животната средина значи зачувување на нашето физичко и ментално здравје“ спроведена од Здружението „Амигдала“ во соработка со „Љубов сме – Jemi dashuri“.

Таа нагласи дека потребна ни е развиена еколошка свест и совест за да можеме да ги согледаме сите димензии на животот – физичката, биолошката, психолошката, општествената, културната и духовната.

– Неопходна е уште потесна соработка меѓу здравствениот и еколошкиот сектор за да се заштити и унапреди човековото здравје. Јавното здравство е науката и вештината за превенирање болести, продолжување на животот и промовирање здравје низ организирани напори на општеството. Јавното здравство не се фокусира само на искорнување на болестите, туку на постигнување на благосостојба. Тоа подрабзира интердисциплинарен пристап. Бидејќи, здравјето има мултидимензионална природа, јавното здравство мора да има интердисциплинарен пристап, што секако вклучува и еколошки аспект. Еколошките закани по дефиниција се и закани за здравјето на луѓето. А здравјето не е само физичко, туку и психичко – потенцираше Ѓоргиевска.

Таа посочи дека за жал, живееме во време кога здравјето на планетата е сериозно нарушено, а многу од здравствените проблеми со кои се соочуваме се последица на општествено конституирани реалности, наративи и светогледи кои имаат редукционистички поглед на природата и човековото место во неа.

Според неа, доминантната логика на конзумеризмот не оттуѓи од природата која ја сведе на материјален ресурс што треба неконтролирано да се експлоатира и уништува и неа како човештво станавме слепи за очигледното – дека уништувајќи ја природата, ја сечеме гранката на која седиме и од која се храниме.

– Како што пандемијата не може да се третира само како здравствен, туку и социо-економски и еколошки проблем, така и загадувањето на природата не е само еколошки, туку и здравстен проблем. Индивидувалното здравје на човекот е поврзано со колективното здравје на општеството, кое, пак, зависи од здравјето на животната средина – посочи Ѓоргиевска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...