16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЛекот е пет пapи: Битолчанец на едноставен начин обезбеди киcлopoд за сите...

Лекот е пет пapи: Битолчанец на едноставен начин обезбеди киcлopoд за сите пациенти во битолската болница.

spot_imgspot_img

Досетлив битолчнаец на едноставен начин успеа да обезбеди кислород за сите пациенти во битолската клиничка болница.

Неговиот Фејсбук статус во целост го пренесуваме во продолжение:

“Имало и такви денови кога можеме да се пофалиме, а и да ја покажеме нашата солидарност и да побарам поддршка од сите вас лекари, медицински сестри, а и обични граѓани кои имате роднини или пријатели кои се медицински лица во другите градови низ Македонија. Еве за што се работи.

Знаеме дека најголем проблем за медицинските лица и за пациентите по болниците низ цела Македонија е снабдувањето на пациентите со кислородна поддршка.

Кога бев хоспитализиран на инфективно, деноноќно гледав како сестрите растрчани бараа места за пациенти на кои им треба кислород, а беше голем проблем да се најди слободен приклучок. Да објаснам.

Во секоја соба се инсталирани по два кислородни приклучоци, а се сместени по три или четири пациенти. Замислете да имаат потреба тројца пациенти од кислород, а веќе двата се зафатени.

Тој проблем со мојот чичко го решивме и сега цела инфективна болница имаат во секоја соба по четири маски за дишење. Како???

Откако ме отпуштија, по два дена го хоспитализираа мојот чичко со лош наод на бронхопневмонија и сатурација 84 и требаше веднаш да прима кислород. Го ставија во соба со двајца пациенти кои веќе користеа кислород. За него немаше, но рекоа дека ќе го преместат за скоро.

Јас испаничен го завртев цел град за да најдам боца со кислород, но не најдов. Кога бев на болница забележав дека сите кои користат кислород, не го користат цел капацитет од регулаторот, туку 90% од пациентите користеа 7 или 8 кислородни единици, а регулаторите беа до 16.

Така дојдов до идеја од еден регулатор со Т спојка која може да се набави во секој дуќан за автоделови, да направам да дишат двајца пациенти. Купив антибактериско црево, маска и спојка и му ги однесов на болница кај мојот чичко. Тој направи бајпас на уредот и го приспособи да можат двајцата со цимерот да го користат.

По два дена откако видовме дека успешно работи, ја исконтактирав директорката Билјана Гагачева која по полчас убедување ми дозволи да им комлетирам еден уред кој потоа го тестираа и успешно помина. Потоа ми се јави и ме замоли да направиме за цела болница.

Чичко ми, иако хоспитализиран, цел ден правеше адаптери и ја обезбедивме цела болница. По четири дена, синоќа, добив порака од директорката дека сите успешно работат и дека пациентите се обезбедени со кислород. Еве како тоа изгледа.

Старите велат лекот е петпари само треба да се најди. Ве молам сите кои имате пријатели и роднини медицински лица низ другите градови, споделете за да им помогнеме да се обезбедат и тие”.

markukule

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...