27.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче предупредува - нема лек за Ковид-19

Филипче предупредува – нема лек за Ковид-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Граѓаните во никој случај не смеат да земаат лекарства на своја рака против Ковид 19, без консултација со лекар. Постојат огромен број клинички студии во Светот кои испитуваат лекови, но специфичен и посебен лек за оваа болест нема, вели министерот за здравство Венко Филипче.

<

Се прави комбинација на постојни терапии за некои други болести и согласно симптомите што ги дава оваа болест. Граѓаните мора да знаат дека има широка лепеза на симптоми, со кои што оваа болест може да се манифестира – изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Во однос на лекувањето, Филипче истакна дека постои протокол, но тој не е унифициран, зашто нема еден терк на лекување и кај различни пациенти, болеста се јавува во различни форми.

Има толку многу различни клинички форми, што секоја бара поинаков пристап, поинакво лекување, поинакво дозирање на истите лекови кои доаѓаат во предвид за давање при соодветна манифестација и во таа смисла тоа е така насекаде во Светот. Затоа е многу важно, сите кои имаат и најмали симптоми, било каков чекор да направат во однос на лекувањето да биде во консултација со лекар- додаде Филипче.
Sitel Tv

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...