3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадот Скопје ќе се задолжи само со 70 милиони евра за нови...

Градот Скопје ќе се задолжи само со 70 милиони евра за нови хибритни автобуси.

spot_img

Готов е Законот за задолжување на Макеодниј акај Европската банка за обнова и развој за проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“. Законот за задолжувањето е по договорот за заем, а ќе се гласа по скратена постапка. Со овој проект треба да се воспостават две линии за брз автобуски превоз во Град Скопје. Односно впрочем треба да се направат патни коридори кои се резервирани само за автобусите – лентите да бидат или на средина или на работ од булеварите.

Макеоднија се задолжува за да го реализира овој прект за кој смета дека ќе го подобри квалитетот на превозните услуги на патниците во правец „исток – центар – запад“ и „југ – центар- север“, но и ќе го намали времетраењето на превозот на патниците, како и подобар пристап и користење на превозните услуги од страна на инвалидите и луѓето со посебни потреби.

Заемот е во вкупна вредност од 70 милиони евра а ќе се додели во две транши за двете линии за брз автобуски превоз, односно транша 1 во износ од 47,6 милиони евра за финансирање на линија 1 (исток – запад) и транша 2 во износ од 22,4 милиони евра за финансирање на линија (југ – север) 2.

Рокот на отплата и на првата и на втората транша е 15 години – на 22 полугодишни рати на 20 април и на 20 октомври секоја година, започнувајќи од првиот датум од навршување на четвртата година од склучување на Договорот за заем.

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов неодмана изјави дека очекува до крајот на годинава да се потпише договорот со ЕБОР, а до февруари е рокот за изработка на идејниот проект, по што веднаш ќе се распише тендерот за набавка на возилата, изведба на трасата за движење и депото.

„Очекувам што кон средината на наредната година ќе почне имплементацијата и воведувањето на новиот концепт на јавен превоз во Скопје. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите да бидат со хибриден погон и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Според тендерсата документација, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Првата станица ќе биде кај Поликлиниката Ѓорче Петров, ќе се движи долж булеварот Партизански одреди. За приклучок во центарот на градот кај Соборниот храм ќе врти на булеварот Климент Охридски, па кон улицата Димитрие Чуповски. Потоа по булеварите Кочо Рацин, Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански до улицата Февруарски поход во Ново Лисиче, каде ќе биде последната станица.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...