28.9 C
Ohrid
недела, јули 13, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР во содејство со полициски службеници од СВР Скопје го лишија од...

МВР во содејство со полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода полицискиот службеник М.С

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кривична пријава за полициски службеник за неколку кривични дела
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во содејство со полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода полицискиот службеник М.С. поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378, „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 и „давање лажен исказ“ по член 367 од Кривичниот законик.
Имено, откако набавил возило од странство без да ги подмири давачките за увоз на возилото, прикачил регистерски таблички кои претходно ги одјавил со дадена писмена изјава дека му се украдени и таквото возило подолго време го управувал во сообраќај нерегистрирано. По документирање на случајот до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против полицискиот службеник и тој е суспендиран и поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претседателката се фати на оро во селото Галичник

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба”, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како...

Скопјанец претепан во сопствениот дом, го тепале со тврди предмети.

На 12.07.2025 во 01:40 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од Скопје пријави дека на 11.07.2025 околу 21:00 часот во дворот од неговата куќа на...

СВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство во Прилеп

СВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство во Прилеп Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во...

Пецаков: Охрид и Македонија чекорат кон иднината- Пуштена првата делница од автопатот Охрид – Кичево”

Денес е голем ден за Охрид, за целиот југозападен регион, но и за цела Македонија. Со неизмерна радост и гордост ја ставивме во употреба ...