3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСепак Бугарите не биле администратори: Еврејската заедница бара од Бугарија јавно да...

Сепак Бугарите не биле администратори: Еврејската заедница бара од Бугарија јавно да се извини за прогонот врз Евреите во Македонија.

spot_img

Еврејска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска јавно ја повикаа владата на Бугарија или државните официјални избрани политички авторитети – премиер, претседател, претседател на парламент – да се соочат со вистината за холокаустот врз Евреите во окупираните територии во Втората светска војна, за која пронацистичката влада во Царството Бугарија од тоа време е директно одговорна, и да се извинат и да ја прифатат одговорноста. Колку поскоро демократска Република Бугарија се соочи со болните и мрачни моменти од своето минато, помирувањето е возможно, бидејќи негирањата на злосторствата е прв чекор кон нивно повторување, велат од Еврејската заедница и Фондот и инсистираат дека „овој став во никој случај не смее и не може да биде протолкуван како антибугарски кон денешна демократска Република Бугарија и нејзиниот народ“.

Двете институции велат дека со оглед на константните и континуирани обиди за наметнување на само една „историска вистина“ во врска со историски настани што се случувале на територијата на денешна Република Македонија за време на Втората светска војна, тие потсетуваат на неоспорните историски факти кои се општо прифатени, а се однесуваат на улогата на Царството Бугарија во холокаустот и депортацијата на Евреите од денешна Македонија.

„За време на Втората светска војна територијата на денешна Република Македонија, на која живееле околу 8.000 Евреи, е под директна окупација на Царството Бугарија и Италија, кои се сојузници во оската. Еврејското население кое живее во Македонија за време на Втората светска војна се наоѓа под бугарска окупација. Бугарските пронацистички окупаторски власти веднаш го спроведуваат врз Евреите антисемитскиот Закон за заштита на нацијата со кој на Евреите им се ускратуваат сите граѓански права, се дехуманизираат, се воведува Законот за еднократен данок на имот, со кој се ‘легално’ ограбени, се задложуваат сите Евреи да носат Давидова ѕвезда, еврејските куќи се обележани, дуќаните затворени, бизнисите и парите конфискувани“, велат од Заедницата и Фондот во заедничкото соопштение.

„Бугарската пронацистичка власт, на чело со Богдан Филов и цар Борис Трети, дава согласност за потпишување договор за иселување (депортација) на Евреите од окупираните територии од страна на Бугарија, но и од самата Бугарија. На 22 февруари 1943 година Александар Белев, комесар за Еврејските прашања и Теодор Данекер, претставник на нацистичка Германија го потпишуваат Договорот за најпрво иселување на 20.000 Евреи од окупираните територии и од самата Бугарија. Согласно со овој Договор, на 11 март 1943 година бугарската пронацистичка војска и полицијата насилно ги собираат Евреите од нивните домови во Скопје, Битола, Штип… и ги транспортираат во привремениот логор, кој служел како транзитен логор, во Тутунскиот комбинат во Скопје – Монопол. Оттаму 7.144 Евреи, или 98% од вкупното еврејско население од тоа време, во три одделни транспорти, 22-ти, 25-ти и 29-ти март 1943 година, организирани од бугарските окупаторски власти, Комесаријатот за Еврејските прашања и со логистика на бугарската железница се депортирани и предадени на нацистите во центарот за убивање Треблинка. Никој од депортираните Евреи не се врати жив“, велат тие.

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ги сметаат бугарските пронацистички власти од тоа време за директно одговорни за насилното собирање на Евреите од нивните домови, грабежот врз движниот и недвижниот имот, депортацијата на Евреите од денешна Македонија, Источна Македонија и Тракија во денешна Грција и градот Пирот во денешна Република Србија за време на Втората светска војна. Повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии се насилно депортирани во смрт од страна на бугарската пронацистичка влада од тоа време.

За повеќе информации клик на линкот.

сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...