10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаАрачиново 21 активен случај 500.000 евра државна помош, Прилеп 920 активни нула...

Арачиново 21 активен случај 500.000 евра државна помош, Прилеп 920 активни нула помош?

spot_img

Гази Баба 1615 активни случаи, Аеродром 1535, Кисела Вода 1435, Карпош 1370, Центар 1232, Арачиново 21 случај, вакви се бројки на активни случаи во последните денови во скопските општини. Неповратна парична помош од 30 000 000 денари за последиците од Ковид 19 добива општина Арачиново со само 21 активен случај, другите општини барем засега за ваква помош извисија – објави “АЛФА ТВ”

<

 

Бројките и во другите градови се алармантни, Тетово 998 активни случаи, Гостивар 883, Прилеп 920…но за овие општини пари за справување со последиците со вирусот не се дадени.

По што е толку посебно Арачиново, со што се издвојува за да биде привилегирано и да добие половина милион евра помош од Владата. Побаравме одговор од надлежните институции, но од таму само молк, а прашавме.

По кој критериум е одбрана токму општина Арачиново за неповратна парична помош?

Зошто се даваат пари во ваков вид на помош токму овде, а не на другите општини кои имаат многу поголема бројка на заболени од Ковид 19?

Ваквата распределба на народни пари не ги вознемири другите општини кои на чело имаат луѓе кои се дел од власта, ама сепак барем засега не добија ваква помош.

Дел од најголемите скопски општини не се чувствуваат обесправени, тие добиле исто така пари, ама за инфраструктурни проекти во нивните општини. Се уште останува неодговорено дали Арачиново покрај оваа помош, ќе добие и пари за инфраструктурни проекти, па ќе се офајди и од овие пари.

Социјалните мрежи по информацијата за 500 000 евра помош за Арачиново вријат.

Следно е Арачиново да прогласи независност. Да беше живо СЈО сеа требаше да отвори предмет: Откуп. После помошта во кеш ќе продолжиме ли да помагаме и со струја?

Прашуваат и ако Арачиново добило толку пари, колку пари треба да се доделат во вид на ваква помош во другите градови.

ИЗВОР: “АЛФА ТВ”

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...