30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче: На ова место ќе ги чуваме вакцините кога ќе пристигнат...

Венко Филипче: На ова место ќе ги чуваме вакцините кога ќе пристигнат !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска посети дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината за Ковид 19. Станува збор за дистрибутери кои веќе работат на оваа поле односно вклучени се во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини. Министерот со дел од стручните тимови на дистрибутерите направи обиколка на ладните соби, и фрижидерите во кои веќе се чуваат вакцини од имунолошкиот календар на Министерството за здравство и со нив разговараше како и на кој начин ќе се чува и дистрибуира вакцината за Ковид 19, кога ќе пристигне во нашата земја.

<

Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините. Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до – 70 степени целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари.

Филипче се заблагодари на економските оператори за согласноста да бидат дел од овој систем, а за понудените услуги Министерството за здравство со нив ќе потпише договори.Вакцинацијата ќе се врши во веќе постоечките вакцинални пунктовите односно во здравствените установи низ државата. Сите вакцини за Ковид 19 се безбедни и ќе бидат бесплати за граѓаните.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...