14.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаСексуалните работнички: И ние сме погодени од корона кризата, затоа бараме помош...

Сексуалните работнички: И ние сме погодени од корона кризата, затоа бараме помош од владата.

spot_imgspot_img

Оваа година, ние сексуалните работници здружени во СТАР, прв колектив на сексуални работници на Балканот, и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини по 13-ти пат се приклучуваме кон глобалното одбележување на 17 Декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Овогодинешната кампања насловена „НИЕ” ја посветуваме на борбата против насилството и дискриминацијата со кои се соочува нашата заедница, особено во кризни ситуации како што е актуелната состојба со пандемијата на ковид-19, се вели во соопштението на СТАР.

„НИЕ” е кампања преку која сексуалните работници сакаат да испратат пораки до јавноста и институциите за проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат за време на пандемијата на коронавирусот.

– Сакаме да потенцираме дека сме сериозно погодени од кризата предизвикана од ковид-19, од здравствен, економски и социјален аспект. Кризата не втурна во сиромаштија и во сериозни ризици по нашето здравје, додека не добиваме никаква поддршка од институциите со цел да се намалат негативните последици од кризата по нашата благосостојба – пишува во соопштението.

Сексуалните работници, како што велат, како особено ранлива попоулација во време на пандемијата на коронавирусот, бараат вклучување во владините социо-економски мерки за заштита, пристап до соодветни заштитни здравствени услуги со цел превенција на ширење на вирусот, подеднакво уживање на работничките права, полесен пристап до социјална помош, како и надминување на стигмата, неправдата и дискриминацијата која е присутна кон нашата заедница од повеќе аспекти.

Клучни барања од институциите за заштита и поддршка на сексуалните работници се да бидат препознати како особено ранлива популација на ковид-19 и последиците, да се формулира пакет социо-економски мерки со цел таргетирана поддршка за оваа заедница, да се обезбеди непречено функционирање на услугите и програмите за ХИВ, намалување на штетите од употреба на дроги.

Потоа бараат превенција и поддршка на жртви на насилство за време на пандемијата, да им се овозможи континуиран пристап до квалитетни здравствени услуги, помеѓу кои и олеснет пристап до хормонска терапија на трансродовите лица, да бидат вклучени во процесите на креирање национални протоколи и политики како одговор за време на пандемијата, да се препознае сексуалната работа како работа и да се почитуваат нивните работнички права и да им се обезбеди здравствена и социјална заштита за време на кризата.

– Оваа година, грижејќи се за сопственото и јавното здравје, нема да го организираме традиционалниот Марш на црвениот чадор, меѓутоа ќе одржиме прес конференција на 17 декември со почеток во 12 часот пред фонтаната „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“. Прес-конференцијата ќе се одржи во согласност со сите важечки протоколи и мерки за организирање на јавни настани од овој тип, со строго почитување на мерките за заштита од ширење на ковид-19 вирусот – велат од СТАР.

Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници првпат беше одбележан во 2003 година, како спомен и бдеење за жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл. Оттогаш, со одбележување на овој ден им се овозможува на сексуалните работници ширум светот да се здружуваат и со заеднички сили да се борат против дискриминацијата и насилството.

Овогодинешната кампања „НИЕ” по повод обележувањето на 17 декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, е поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија и SWAN – Sex Workers’ Rights Advocacy Network.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...