19.7 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарија го блокира потпишувањето на Фронтекс поради македонскиот јазик

Бугарија го блокира потпишувањето на Фронтекс поради македонскиот јазик

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

МИА побара одговор од Европската Комисија до каде е потпишувањето на договорот за Фронтекс помеѓу Северна Македонија и ЕУ, проблемот е употребата на “македонски јазик“, јави дописничката на МИА од Брисел.

<

Европската Унија е во процес на потпишување на договор со земјите од Западен Балкан за Фронтекс, односно за интегрирано гранично управување, една од стратешките точки во борбата против “нелегалната миграција“ на ЕУ, бидејќи земјите од регионот се наоѓаат на клучната „балканска рута“.

Во последните две години, ЕУ ваков договор потпиша со Албанија, Црна Гора и со Србија.

Со Северна Македонија договорот за Фронтекс е инициран во јули 2018, но до денешен ден останува непотпишан само поради Бугарија.

Од Европската Комисија МИА го доби следниот одговор на прашање до каде е потпишувањето на договорот:

-Референцата “македонски јазик“ е единствената пречка што преостанува за потпишување на договорот, за други детали обратете се директно кај националните власти, стои во писмениот одговор од Европската Комисија до МИА.

Од Комисијата не беа во можност да одговорат дали ова прашање наскоро ќе се реши и дали тоа има безбедносни импликации за Европската Унија.

извор: МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јане Ченто: Загубив се,материјално пропаднав, мојата политичка кареира ја започнав како чорбаџија а ја завршив како слеп сиромав.

“Загубив се,материјално пропаднав, мојата политичка кареира ја започнав како чорбаџија а ја завршив како слеп сиромав. Децата се веќе 10 години без моја помош и...

МВР: Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток...

Македонската убавица Хeлена Роза, кандидат за градоначалник.

Хелена Роза, поранешна водителка и сестра на нашата пејачка Ребека, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд и започна нов живот со своето...

24 години од убиството на Ѓоко Лазаревски- Херојот кој сам го бранеше Лешок

Пред 24 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 24 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на...