28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Нас не ни треба Европа ако не сака да не прими...

Заев: Нас не ни треба Европа ако не сака да не прими како Македонци !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Само вистина на Канал 5 вечерва изјави дека Европската Унија која не не признава како Македонци со македонски јазик, не ни треба. Тој се согласува со ставот кој претходно го соопшти вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров дека ако нашиот јазик е спорен за ЕУ, тогаш не ни треба ЕУ.

<

Но, посети дека повеќето земји членки дале поддршка на Македонија. Наведе дека и во ЕУ имало обраќања на македонски јазик. Заев вели дека ЕУ ја изгуби авангардноста, но план Б за Македонија нема. За Бугарија вели дека она што е рачка на разделување треба да го снема, а донирањето вакцини е мост на пријателство.

„Со Договорот што го потпишавме со Бугарија сакавме да станеме браќа, и ние тргнавме да градиме атмосфера за да станеме браќа, бидејќи така се вика најновото пријателство, но на крајот, сепак, Бугарите посакаа да ни станат татковци наместо браќа“, рече Заев.

Тој додаде дека нема да менува членови во комисијата која ги разгледува историските прашања и тврдењата кои се појавија во јавноста на оваа тема ги отфрли.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...